Коментари

РЕУБЛИКАТА КОНЕЧНО /ДЕЛУМНО/ ОСЛОБОДЕНА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Токму така! Републиката од – според мене историскиот 8ми мај ,о.г.- делумно е ослободена. Велам историскиот (!), бидејки токму на тој ден, на двојните претседателски и парламентарни избори народот во Македонија речиси плебисцитарно се изјасни против насилието и понижувањето штои ни го правеа поранешните комунисти, сега преоблечени во ново политичко руво на небаре социјалдемократсни сојуз (СДС) и нивниот коалиционен партнер ДУИ кои во суштина се политичка варијанта на балистите кои направија русвај во Републиката во 2001 ходина и тоа со отворена подршка на фамозниот странски парнер. А велам и “делумно”, бидејки бившиот режим е до лудило инсталиран во сите пори (институции) на општеството и ке треба време тоа грдо и опоасно наследство да се искорени!

   Стара мудрост е дека народот можеш еднаш да го излажеш, понекогаш дури и два пати, но не можеш вечно да го лажеш!!! Тоа. впрочем и се докажа на двојните избори на 8ми мај кога народецот наш чесен и племенит, но омаловажен од диктаторската и измеќарска клика СДС-ДУИ и нивните инсталации во сите пори на општеството, јасно им кажа громогласно НЕповќе за грабежот , корупцијата, узурпацијата на човековите права и бројни други беззаконија што дирекно беа причина на материјално и духовно срозување на народот македонски што го доведоа  (апоред сценариото на длабоката држава и институциите кои се во нејзина функција) на работ на етничка катастрофа и завладувањето на белата чума – стареењето на нацијата и иселувањето на младите во последниве седум години!

  Најголем виновник за овие злосторнички дејанија гледам во наследниците на комунистите од претходниот систем, т.е. СДС, кои не презаа од ништо само за да останат на власт, по секоја цена, барем уште некој ден. На тоа многу ефикасно им послужи широкоградоста на партијата на “реформираните” балисти во ДУИ кои ревносно ја даваа  политичката подршка на реформирнаните комунисти, но се поставува прашањето по која цена??? ДУИ имаше повеќе министри во самата влада од наводно владеачката СДС (?), вклучувајки го и Министерството за надворешни работи чиј министер Др Бујар Османи направи огромни штети за македонските интереси, на меѓународен план, а меѓу примарните таргети му беше грижата и промоцијата на Косово, што пак ги загрози нашите интереси со соседна ппријателска Србија!:

  Македонија на овие избори покажа и докажа дека не е некоја зафрлена балканска касаба, туку модерна европска  ржава. На   одлично организзираните избори Македонија за прв пат избра и тоа со огромем број гласови, жена за претседател, шеф на држвата и врхопвен командант на македонската армија, што е редок случај и во Европа каде жени на таа висока позиција можат да се избројат на прсти. Но не е само важно дека добивме жена за претседател. посебно треба да се истакне дека Гордана Силјановска Давкова е универзитетско професор по уставно право со огромно знаење и пребогат меѓународен углед. За разлика на некакви Зајковци (Зоран Заев) и Ковачевци (Димитар Ковачевски) Претседателката Гордана ќе биде фактор што нема да слугува на странските интереси и ќе може авторитативно да се спротивставува на секакви посегнувања на нашиот идентитет, за разлика од споменатите домашнои измеќари на туѓите (странските) интереси!

  Гордана својот цврст став во одбрана на македонските интереси го покажа на самиот ден на полагањето заклетва кога при кажувањето на заклетвата избегна да ја изговори додавката “северна”. Но доследна на своите изјави дека ќе го почитува Уставоит кога мора, таа селак ја потпиша свечената изјава со таа фамозна додавка што ни ја подметнаа Nикола Димитров и Зоран Заев.

  Бурни беа рекациите од Атина, Софија, но и oд Bрисел на ваквиот однос на професорката по меѓународно право и устав Гордана Силјановска давкова, а ќе бидат и во иднина, во тоа немам н икакво сомневање.  Сега претседателот Сиљновска и идниот премир Христијан Мицковски ќе е соочат со клучниот проблем – промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите во преамбулата на уставот, но како можно решение предлагам: откога Гордана ќе ги подзаврши најургентните работи што се во нејзина надлежност да посети повеќе земи членки на ЕУ, вред се Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) и некои поважни престонини и да укажа на неодржливатса на Преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ. Се разбиура, Словннија и Хрватска ги гледам во тој пакет за лобирње

  Мицкоски веќе има изградено солидна мрежа на комуникации преку Европската народна партија (ЕПП) и треба и ќе ги користи тие врски, Предлагам и да се изврши комплетна реконструкција на македонската дипломатска мрежа со именување на нови, докажани интелектуалци о допломати кои достојно ќе ги бранат македонските интереси и аспирации, во замена на сегашните во најголем дел девизни печалбари кои минатата власт ги праќаше како награда за лојалноста и  измеќарувањето.

На Претседателката Проф. д=р Гордана Силјановска Давкова и иднито премиер Проф. д-р Христијан Мицкоски искрено им препорачувам да не го користат владиното авионле за службени патувања бидејки не смееме ни за миг да заборавиме дека на многумина, дома и особено во странство, не им е по волја нивниот избор и не исклучувам дека се можни непријателски сценарија.

  Не смееме да заборавиме што му направи странсткиот фактор (со помош на домашни соработници) на првиот Претседател Киро Глигоров, и трагичната суднбина на претседателот Борис Трајковски (и уште 10 лица од неговата придружба) во близина на Мостар.

  Слободна и независна Македонија  сеуште е трн во очите на некои наши соседи, но и на длабоката држава ид двете страни на атлантикот!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top