Коментари

Со Гордана Силјановска Давкова и идниот Премиер на Р. Македонија Христијан Мицкоски, Македонија има иднина!

DOOM - Kongres 2

DOOM - Kongres 2 copy copy Македонска нација

Професорката Гордана Силјановска Давкова по свечаната заклетва во Собранието, со највисоки државни и воени почасти, ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски. Таа е шести претседател на Македонија и прва жена на оваа позиција по осамостојувањето на државата.

Силјановска при заклетвата се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите, ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Но, при заклетвата, Силјановска го употреби името Македонија без придавката „С“, што предизвика реакција на грчката амбасадорка во Република Македонија, Софија Филипиду, која во знак на протест го напушти Собранието.

Покрај грчката амбасадорска, реакции за некористење на придавката „С“ имаше и од неколкумина домашни политичари, продадени души на ѓаволот, заборавајки дека Македонија е вековното име на земјата, заборавија исто така на промена на името против вољата на граѓаните и на неисполнетите ветувања на европските политичари дека доколку Република Македонија  го смени името ќе биде примена во ЕУ.

Имено, од 2018 и 2020 година, од канцеларката Ангела Меркел и од владата во Берлин, како и други европски држави, беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, но до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Р. Македонија,

Иако професорката Гордана Силјановска Давкова не го употреби новото име со придавката „С“, таа го потпиша документот со (не)уставно име, кое цела македонска јавност знае на каков начин е донесено. Тоа што нејзиниот претходник како претседател немаше кичма да го направи, таа како права македонска жена, амазонка, хероина, мајка и борец, професор по уставно право и политички систем, застана во одбрана на темелите на уставниот поредок и укажа дека Преспанскиот договор е отворено прашање.

Во својот говор во Собранието таа сепак кажа дека ќе го почитува овој парламемет и дека  „ќе биде претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, дека нема да прави разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа.“

Најголем дел од својот говор Силјановска го посвети на жените кои за жал ги нема многу во политиката. Таа посочи дека „државата ја имаме благодарение не само на комитите и партизаните, туку и на комитките како Сирма Војвотка и на партизанките како Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ и Ибе Паликуќа“. Исто така на својот пример укажа  дека и жена може да стане претседател, што треба да преставува инспирација за поголемо вклучување на жените и нивната филозофија во политиката. Македонија да стане европска, е  создавање единство, владеењето на правото, а не „владеењето на малкумина и владеење на мажите“.

Гордана Силјановска Давкова ќе биде првата жена претседател на Македонија. Таа доби доверба од над 560 илјади гласови од граѓаните, а единствен кој верувал дека тоа ќе се случи, како што вели, бил лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Гордана Силјановска Давкова во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“ ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски. Во наредните пет години таа треба да ги исполни ветувањата и да ја оправда довербата на граѓаните.

Гордана Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Со Гордана Силјановска Давкова и идниот Премиер на Р. Македонија Христијан Мицкоски, Македонија има иднина!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top