Коментари

ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ НЕШТА

Martin Trenevski 1

  1martin1 copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Многу хартија и мастило се потрошија за двојните претседателски и парламентарни избори во Македонија и скоро се е веќе е кристално јасно. Велам скоро се, бидејки деновиве се прегласува во неколку изборни места за парламентарните избори (каде ДУИ полнеше гласачки кутии и резултатите се поништени) и можно е победничката коалиција што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да добие уште некој мандат, а ДУИ да изгуби неколку пратеници.

  Првата жена претседател на државата Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова уште од првиот ден по инаугурацијата со фуриозно темпо го започна мандатот, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на новата македонска влада Проф. д-р Христијан Мицкоски релаксирано продолжува со средби со граѓани и најавува економски бум со големи странски инвестиции.

  За тоа – толку! Но сакам во ова прилика да се осврнам на однесувањето на лидерите на партијата на Албанците ДУИ, која дваесетина години беше на власт и која бурно реагира (не штедејки дури и закани со немири и сл.) дека – според нив – тие биле легитимни претставници на Албанците во Македонија и по секоја цедна   м о р а л о   да бидет застапени во новата влада (Како да не, е баш не морало, туку после 20 години молзење на Буџетот на државата и разнебитување на Македонија по сите основи и за интерес и по сценариото на длабоката држава, не е лесно да се помират со реалноста дека дефинитивно ќе бидат во опозиција!!!).

  За мене воопшто е интересна и самата генеза зо постанокот на ДУИ. По бегалската криза 1999 година, кога Македонија вдоми над 350.000 бегалци од Косово, наместо почит и благодарност за солидарноста што сите ние ја покажавме, во 2001 година (истите тие од ДУИ) ни наметнаа крвава војна после која Македонија не е она што беше. Но за мене сеуште е енигма:  Како тоа водачите на терористичката ОНА (денес како политичко издание ДУИ) на чело со Али Ахмети, ги напуштија ладовините на Швајцарските алпи и дојдоа во Македонија да освојуваат територии (судејки по првите комуникеа што ги објавија), а од кога ген-секот на НАТО Џорџ Робертсон ги проласи за  “убијци од планините” (killers from the mountains) ја сменија реториката и постанаа ко божемски “борци за повеќе права на Албанците во Македонијја”. (Изгледа инспираторите за појавата на ОНА и ген-секот на НАТО не ќе да биле искоординирани за тие работи па од една страна ни се случи војна во балистички стил, а од друга страна осуда од  ген-секот на НАТО!?).

  Сакам во оваа прилика да разјасниме, и евентуално да им објасниме на шефовите на ДУИ една работа. Не може тие да инсистираат па дури и да уценуваат по секоја цена да бидат застапени и во новата влада!!! НЕ МОЖЕ!!! Светската пракса, а и според нашиот Устав што укажува дека лидерот на победничката партија и коалиција е иден мандатар и ТОЈ има суверено право да составува влада, а главен критериум се програмите на партиципиентите во таа влада (принциот победним на изборите кај Македонците со победник кај Албанците повеќе не важи бидејки токму ДУИ го прекрши тој принцип на инсистирање на екс-Американмскиот амбасадор Џес Бејли, што го призна лично самиот Али Ахмети).

   Дека е така, да го земене примерот за состав на влада во Германија. Таму со децении победник на изборите е коалцицијата ЦеДеУ-ЦеЕсУ, а за партнери во владата некогаш ги земаат социјалдемократите, друг пат зелените, или либералите.

  Значи, зотми Али, ќе мора да се помириш дека ќе одиш во опозиција, но и дека ќе се соочиш со правдата за сите злоупотреби на Буџетот, криминалните тендери и сето зло што и го нанесовте на Македонија овие две изминати децении. Не станува збор за реваншизам, туку едностао соочување со законот којшто време е да профункционира бидејки Македонија заради вас е на дното по корупација според сите светски мерила!

2. Во Скопје по тринаестти пат се одржа годишната конференција на организацијата “Македонија 2025”. Оваа година конференцијата се истакнуваше со повеќе нешта што не само што охрабруваат, туку се и своевидна гаранција за просперитетот и на самата организација, но и на целите за коишто е формирана и постои.

  Во прв план би ги истакнал се поголемиот број на финансиски “тешкаши” од македонско потекло од дијаспората, но и  од Македонија. Фактот што овие тешкаши поседуваат бизниси од неколку милијарди (billions) долари ипресионира, но според мене од огромна важност е угледот што тие го уживаат во Канада, САД и други земји. За илустраиција на конвенцијата што организацијата “Македонија 2025” ја одржа минатиот ноември во Чикаго собрани се донации од над еден милион американски долари, а главен говорник на настанот беше првиот човек на Боинг (па свесни ли сте што значи Боинг???). Организацијата финансиски помага талентирани млади луѓе, организира семинари и обуки на меѓународно ниво, а целта е оспособување на млади луѓе да се вратат во Македонија и да придонесат за развој на македонската економија и општество во целина.

Ете, заради овие нешта сум многу осоколен за иднината на Македонија и особено со патриотскиот дует Гордана Сиљановска-Давкова – Христијан Мицкоски гледам светла иднина на нашата татковина.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top