Коментари

ЗА МУДРИТЕ И ХРАБРИТЕ ЛИДЕРИ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska copy copy

МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

Мудар лидер е тој што не се предава пред неправди, што не е заведен од егоманија, омраза или реваншизам, што не е разведен од етички вредности, што се залага за правата на својот народ и воспоставува правична почит кон него од страна на други народи и држави.

Лидерот треба да е воден и посветен на сопствените идеи за владеење, а приоритети треба да му се валидноста на неговите визии и програми проверена во практикување на реалните политики за кои е избран да ги спроведува. Во служба на граѓаните, за уредување на функционална државата со среќен народ, преку взаемно залагајќи за напредок и благосостојба меѓу народите.  

Во неизбежните развојни промени, неменлива треба да остане највисоката категорија: право на сопствен идентитет, самостоен, а напореден со развојот на дигиталните револуции во светот, или  со постепената превласт на роботиката и вештачката интелигенција. Идентитетот е озаконет од природната граѓа на животот – во човекот, општеството, животната средина… растителниот свет. Како и постојаното сезонско менување на лисјата. Семињата и корените на растителниот свет не угинуваат откинати во зимските, неплодни сезони. Ниту човековата свест исчезнува пред острите судири со промените, но само се заштитува од штетни општествени екологии. Империи и држави сурово се судирале поради непомирливо мегаломански интереси, лаги и кражби на идентитети.    

Низ промени на граници, окупации, колонии, суштината на судирите продолжува, како агресија врз природниот непроменлив идентитскиот закон кој ја штити вградената човекова самосвест. Свеста го созрева својот отпор против антагонистите на нејзиниот идентитет и интегритет, најсилно тогаш кога надворешната деструктивност ја ескалира својата агресија за одумирање на туѓиот идентитет.   

Технолошките и геополитичките насилни интервенции за промени, на националниот и на личниот идентитет, нема да бидат победници во ваквата борба против законитоста на природата и нејзините физички и духовни добра. Иако оперативноста на современиот демоцид им се заканува и на народите и на поединците – кодираната свест за идентитетски права се буди, противставува, го докажува своето право на егзистенција и коегзистенција со другите народи, развиени или не.   

Разорните примери против овој природен физички и духовен закон, се сеприсутни. Кога се затвораат училишта, се отвораат или повеќе казнено поправни домови, затвори, или се копаат почести отвори за бегање од нив, за мигрирање во несвои држави каде додатно се обезличува, или се разгневува идентитетот. Кога се корнат корените на поединецот и народите, се сушат органските семиња, се хибридизираат до насилно Пинк Флојдовско и Орвеловско мелење, мутирање. 

Ако државата, власта, партијата, за сопствени цели го узурпира и одзема правото да се биде здрава личност за здраво општество, и ги оттуѓува органите на власта од телата, од избирачите, кои ја бирале таа власт, праведното опстојување на земјата и напредокот на народот се критички загрозени, а загубите постануваат се’ поевидентни, и често неповратни.

Тогаш мудрите лидери треба да поставуваат одлучно достоинствена и горда одбрана на обесправените, нападнатите од криминална корупција, за современиот и свесен граѓанин да ја засилува својата верба во правото и правдата – во животот, економијата, здравството, образованието, агрикултурата, културата. Уметнички симболи на ваквите реални штети од неправдата се и скулптурите на Бруно Каталано, и личното страдање на Фрида Кало, колку и корпоративно контаминираните и експлоатирани земји, почви, истории, исчезнати деца…

Во оваа 2024 година на хаотични изборни промени среде изострени идеолошките и геополитички потреси на планетата, пресудно се потребни мудри и мудро одбрани лидери, информирани, бескомпромисно праведни, недвосмислено и непристрасно морални. Како и други форми на бесправно, заробувачко владеење, и Макединците, заедно со малцинствата во државата Македонија, се изборија да ја бранат сувереноста, да ја оживеат инспирацијата за одбрана на загрозениот македонски идентитет, за негово чување од угинување, од замена со друг идентитет, или ентитет, за слободно изучување на својот генијален код криен во забранети светски трезори.     

Но, кодот и генот и генијалноста се во нас. Ќе се браниме од демоцид како од наезда на скакулци, како од расипани нешта во државата  Данска (Шекспир). Потребно е внатрешно ослободување, обединување по сила на вистината, заедничка формација на праведно, очовечено општество во кое богатствата на мудроста и монетарноста ќе се интегрира по ефикасен алгоритам –  за напредок на европско и светско ниво на кое сите народи се интегрален, и вроден и стекнат дел од целината.

И по научни и по библиски параметри, мудриот лидер треба да поседува моќ која ангажира, сила со неоспорна свест за вистина, правичност, законитост, човечност. Вистинскиот лидер треба неуморно и непристрасно да ги бара умовите на своето време, и на минатото, за да ја препознава и унапредува нивната несебична посветеност на напредок на идните генерации – со инспирација, мотивација, знаење, љубов кон татковината и верба во правдата. За ослободување од мракот на 21-от век, мудрите лидери треба да се богати и со интелект и со инстинкт, за да ги осветлуваат умовите и срцата кои се ограбени или протерани од својот природен хабитат, татковина, традиција, сонувањето за современ развој на своето постоење, и наследство.

Правецот на правите лидери е праведно, одлучно и мудро владеење. Генијалниот лидер, оспоруван од медиокритети, негативци и темни сили, Доналд Трамп, искрено признава: „Храброста не е отсуство на страв, туку способност да се биде ефикасен, и покрај присуството на стравот.“   

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top