Коментари

ЗА ВИСТИНСКАТА ДРЖАВНИЧКА И НЕДРЖАВНИКОТ

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy

М-е Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

1. И годинава, по традиција го одбележавме 24ти мај, денот на МАКЕДОНСКИТЕ и сесловенски просветители, Светите Кирил и Методиј. Го одбележавме овој голем ден за нас Македонците и не случајно велам “МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ”, бидејки нивната  П Р В А  мисија – кога и е формирана глаголицата, што е предвесник и на кирилицата што ја користиме денас и ние, но и повеќе словенски народи, е измислена ВО МАКЕДОНИЈА и ЗА МАКЕДОНЦИТЕ!!!

   Се изнаслушавме разноразни беседи по тој повод и дури им се придаде и космополитска димензија на светите браќа кои небаре гореле од желба да ги просветат паганите и неписмените (!?) во Македонија, по течението на реката Брегалница, од нејзините извори до Струмица.

   Како млад новинар, небаре почетник, имав прилика да се запознаам со делото на академик Стјепан Антољак, Хрват од Задар, а често пати разговарав и со Проф. д-р Бранко Панов, негов следбеник и истомисленик. Нивната теза што категорично ја застапуваа – во кратки црти – беше: глаголицата е измислена ВО МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ во текот на Првата мисијија, позната како БРЕГАЛНИЧКА мисија, во Македонија, по течението на реката Брегалница, а таа траела цели десет години! Чудно е, да не речам дури смешно светите браќа денес да се претставуваат небаре како космополитити загрижени за просветата на словените бидејки од високи личности во византискиот естаблишмент – Константин филозоф Кирил бил ценет како најучен човек во ЦАРИГРАД, а брат му Методиј бил Византиски генерал неверојатно е да се очекува такво нешто!

Византија во тој период водела жестоки борби на Блискиот исток (Сирија, Либан) со Сарацените/Арапите, а за да ги контролира македонските склавниии, кои почнале да креваат глава за осамостојување од владеењето од Цариград, империјата – неможејки да води војна истовремено на два фронта (Nic Hercules сontra duo) одлучила тоа да го прави преку религијата, т.е. христијанството. За таа мисија најпогоден избор биле солунските браќа на кои – за да го проповедаат христијанството им требале религиозни книги, а за да ги преведуваат на јазикот на домородните Македонци им требала азбука согласно говорот на локалното македонско население во струмичко-брегалничката област што, како родени солунјани, многу добро го владееле!.

 Мисијата на светите браќа всушност и се вратила како бумеранг на Византија бидејки преку описменувањето на локалното население тие всушност им ги отвориле очите на македонските словени што подоцна води кон востанија и обиди за осамостојување (Самуиловото царство, на пример).

  Следеле уште три мисии на светите Кирил и Методиј (меѓу Евреите на Крим, меѓу Арапите во Багдад и последната – најпознатата, Моравската мисија).

  Ова го тврдеа академиције С. Антолјак и Б. Панов и ние денес треба да бидеме горди на Првата – Брегалничката мисија на светите браќа,

  Не разбирам зошто македонската историска и лингвистичка наука не придава поголемо значење на Брегалничката мисија бидејки – неспорно е дека ние Македониците дадовме писменост на поголем дел од словенските народи???

  Би сакал да видам дека и МПЦ-ОА во иднина ќе посвети повеќе внимание на Првата и според мене  н а ј з н а ч а ј н а  мисија од четирите мисии на Светите Кирил и Методиј!?

2. Да се осврнам на насловот!

Првата посета во странство на Претседателката Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова беше во Рим по повод чествувањето на Денот на Светите Кирил и Методиј. Многу нешто се кажа за таа извонредно добро организирана посета, за средбите со папата Францис, со претседателот на Италија, за церемонијата во базиликите Сан Клементе и Санта Марија Маѓоре, но јас ќе се осврнам само на еден детал што, а тоа е, според мене, високиот државнички потег на Претседателката Силјановска Давкова par excelance!!! Имено, кабинетите на македонската Претседателка и на Претседателот на Бугарија Радев искомуницирале меѓу себе дали е можна средба помеѓу двата претседатели кои се нашле на исто место (во Рим), во исто време.  Радев, во неговиот надмен и арогантен стил предложил средба во амбасадата на Бугарија во Рим (демек нашата претседателка да појде на негов терен на “бакни рака”), што  Силјановска Давкова го одбила, за што заслужува полна почит поради високиот државнички потег!!!

   За разлика од Гордана, нејзиниот претходник Стево Пендаровски пред неколку години, а по сличен повод (24ти мај), од кога со авион од Софија Радев слета на скопскиот аеродром, како ѓаче го прибра Стевота и заедно со истиот авион одлетаа за Рим. НЕВИДЕНО! Па според меѓународно утврдените протоколи ни амбасадори од различни земји не е виообичаено да се возат во ист автомобил, а камо ли претседатели на две различни сржави во еден авион. Каков дилетантизам и недржавнички потег!!!

3. Позната е онаа, народната: “Кога бродот тоне (веќе е потонат), глувците магла фаќаат”! Слушаме на ТВ екраните дека извесната Фросина Ременски била именувана за генерален конзул на РМ во Венеција, а мажот Јовче Ременски ќе да ти бил офицер за врска со италијансите тајни служби (нешто слично на Зоран Верушевски кој беше во истата функција, а добро паметиме што ни приреди по враќањето од Roma belissima!). Ова именување во најмала рака е безобразие и злупотреба на владата во заминување, и очигледна награда за овој брачен двоец за “заслугите” кога со Македонија царуваше диктатурата на продавачот на лубеници од Муртино Зоран Заев.  Јовче од обичен полицаец направи метеорска кариера во органот (полиција), а сопругата му толку се осили што дури си дозволи во обична кафана, на бел лист хартија таа лично да донесе одлука (замислите какво лудило), да го смени на конгрес избраниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Д-р Живко Митревски и да си именува свој претседател!? (Фросина Ременски да ти била и дел од годинешнатата државна делегација на свеченостите на гробот на Св. Кирил Солунски!?) Патем, генералниот конзулат во Венеција е отворен за потребите на растечката колонија на македонски иселеници во Северна Италија ЗА  ДАВАЊЕ КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ. А каква врска има Фросина Ременски со конзуларна проблематика, не сум сигурен)

   Една од првите одлуки што новата влада  м о р а  да ги донесе веднаш, со кратка постапка, овие двајца да ги врати во Македонија

4. Во Собранието на Македонија започна тродневната сесија за состав новиот состав на Парламентот по неодамнешните избори. Сесијата треба да заврши со избор на нов спикер (претседавач, т.е. претседател на парламентот); следен чекор ќе биде давање мандат за состав на нова влада од страна на Претседателката Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на Проф. д-р Христијан Мицкоски, по што следи избор на новата влада, а мандатарот ќе ја претстави програмата на владата за наредните четири години.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top