Коментари

Александар Џеповски: Изникнаа преку 7000 Бугари во Албанија

1Dzepovski1

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Изникнаа преку 7000 Бугари во Албанија. Сето тоа е можно само преку наша сметка со наши Македонци и ние заспаните Македонци кои дозволуваме сите да не газат кој како сака и кога сака.

Како тоа изникнаа преку 7000 ” бугари ”  во Албанија и ” бугарско малцинство ” во Македонија ? Само преку фамозното вето за Бугарија за ете пустото  ” рајот ” наречен ЕУ. Грција се спаси од бугарското вето со тоа што попрво влезе во ЕУ иначе ќе имаше иста судбина и перипетии како Македонија и Албанија.

Куриозитет и за наневерните Томи е фактот што никогаш ни во сон ниту еден Бугар па дури и Тодор Живков … не побарале или пробале да бараат и барем еден Бугар по грешка или за приплод во Албанија.

Нека си ја тераат агендата Бугарите со сите лаги и фалсификати и само нека се надеваат Албанците дека како бугарски полтрони нема пак да добијат уште некоја уцена а уште помалку преговори и влез за ЕУ. Што ли ќе ги чека од Грција освен големо вето ? Па тие си имаат мувата на капата со Чемерија и нема да има леб во ЕУ за Албанија за век и векови.

Ние Македонците сме за голем стап и ќотек до несвест што се лажеме како мали деца со лижавчиња што дозволуваме да не мафтаат со некакво вето и некоја си имагинација за сојуз во стариот континент со богатсва од ” невидени размери ” и што дозволуваме некаква си Патријаршија и Патријарх да ни соли памет за Господ а сите религиозни ликови и појави се случувале во Македонија  и Библијата е исти кадар десети пат само со изменети имиња и места.

ДРАГИ МАКЕДОНЦИ, СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ СПЛОТИМЕ И ВЕРУВАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ПРЕГОРДО МИНАТО, ТАЖНА СЕГАШНОСТ И НАДЕЖНА ИДНИНА, НИЕ САМО МОЖЕМЕ ДА ТОНЕМЕ ДЛАБОКО. ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ Е НЕКА БИДАТ И МАЛКУ МАКЕДОНЦИ АМА ВИСТИНСКИ И СЕ ИМА ДА ТРГНЕ КАКО ШТО ТРЕБА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top