Коментари

Долгот на македонската интелигенција

DOOM - Kongres 2 copy copy copy

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

„Кога еден народ, една земја има голем број „интелектуалци“ кои на секој можен начин гледаат да ја искористат својата официјална и општествена положба, своето знаење и учење само за своја лична корист, и кога мнозинството од интелигенцијата во еден народ е лишена од морал и општествено чувство, во неа цвета погубната демагогија, расцепувањето на народните сили и внатрешните борби кои неминовно водат кон економско и политичко ропство…“ – пишува д-р Владимир Руменов во својата статија “Долгот на Македонската Интелигенция”, објавено во весникот. “Независима Македония”, бр 162, Софија, 1926 година.

Македонската интелегенција започна да се формира од средината на 19 и почетокот на 20 век, додека Македонија беше во рамките на Отоманската империја. Поинтензивно таа се формира по втората светска војна. Речиси осум децении во рамките во Југославија и три дццнии по осамостојувањето, македонската држава вложува во создавање на македонската интелигенција.

Свесни, како што вели Руменов во својата статија, дека  „тоа е интелектуален капитал на кој се должи благосостојбата и слободите на еден народ…“,  македонската држава и родителите вложија големи средства за основно, средно и високо образование. Водени од националните чуства, тие ги вложија тешко заработените пари за  облека, учебници, пенкала, тетратки, книги и други разни помагала. 

Како што ќе напише тогаш Руменов: „И од сето ова произлегува дека вашата интелигенција, вашиот статус и положбатга во општеството се должи на работата на нашите татковци, нашите родители, на работата на свесниот Македонец…Неспорно е дека вашата интелигенција се должи и на тоа што природата ве обдарила со жив ум и силна љубопитност, но не смее да се заборави дека овие ваши дарови и квалитети би останале мртви, би останале едноставни, неуки и немаше да бидеш тоа што си сега“ … без да се имаа потребнуте средства за учење, без да се  имаше потребната книга, без потребните помагала и без револуционерната борба за слобода.

Во таков случај кога толку мнгу се вложило во секој од нас тогаш навистина треба да помислиме кога своето знаење и умешност во животот го користиме само за своја лична корист. Зарем не се сфаќа дека сме должници и злонамерници кога постапуваме нечесно кон родителите и државата.

Ваквиот однос на интелигенцијата штетно влијае врз државата.  Како што ќе потенцира д-р Владимир Руменов во својата статија: „народите и државите исчезнаа главно од три суштински причини – поради физичка, морална и национална дегенерација…“

Особено во последните години од владеењето на СДС и ДУИ, кога се дозволи да процвета корупцијата и крилиминалот, беа создадени услови и за физичка, морална и национална дегенерација Тоа предизвика масовно иселување на интелигенцијата, а Македонија беше доведена на работ на исчезнување.

Како што вели ДР. Руменов: „Кога еден народ, една земја има голем број „интелектуалци“ кои на секој можен начин гледаат да ја искористат својата официјална и општествена положба, своето знаење и учење само за своја лична корист, и кога мнозинството од интелигенцијата во еден народ е лишена од морал и општествено чувство, во неа цвета погубната демагогија, расцепувањето на народните сили и внатрешните борби кои неминовно водат кон економско и политичко ропство…“

Сепак со доаѓањето на власт на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, треба да се стави крај на ваквите тендеции. Сега државата треба да создаде услови за интелигенцијата за да таа остане дома и да го врати долгот кон неа и родителите.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top