Коментари

Александар Џеповски: Каде се нашите источни „браќа“ да помогнат во гасење на пожарите во Македонија?

1Dzepovski1

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Кога си на мака на помош доаѓаат вистинските пријатели.

Авиони и хеликоптери за гасење пожар од Словенија, Србија, Црна Гора, Турција и Романија помагаат во гасењето пожари кои беснеат во Македонија, но не и од Бугарија која мака мачи да „докаже дека сме браќа“.

Вчера на територијата на државата имало 16 пожари. Од нив успешно биле изгасени 3, а тринаесет се се уште активни.

Горештините донесоа пожари во:

Неготино во с. Калањево-Планина Серта

Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли

Ново Село над с. Бадилен

Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште

Чашка, с. Габровник с.Слепче, Општина Долнени)

Долнени с. Слепче и с. Гостиражни

Гевгелија, помеѓу с. Негорци и с.Кованец

Студеничани, Бегово поле

Зелениково, помеѓу Долно Јаболчиште и Дејковец

Радовиш, Горни и Дилни Липовиќ

Битола, Гермаски гробишта нас.Баир

Делчево, (депонија)

Липково, с. Ваксинце и с. Слупчане

Ова не е прв пат вакво нешто кога на Македонија и треба голема помош да и помогаат искрени пријатели и треба да им се заблагодариме за големата им помош и добрина.

Ако, гледа Господ. 

Сепак, голема среќа во несреќа кога имаш некој што се уште ти помага, те сака како брат. Ние Македонците никогаш не сме ја научиле лекцијата за реалност и правдини.  Забелешките и критиките се секогаш добронамерни и вистински кога во вакви тешки моменти се запоставува она најважното, подавање рака и несебична помош.

Од сега натаму треба да разбереме дека самите себе треба да се организираме и воспоставиме средства и уреди за вакви ситуации во иднина. 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТРЕБА ДА СЕ РАЗБУДИ И РАСЧИСТИ КОЈ МУ Е ПРИЈАТЕЛ, КОЈ МУ ПОМАГА И СЕКОГАШ ДА ИМ ВРАТИ НАЗАД ПОДОСТОЈНО ШТО МОЖЕ. ЗА ОНИЕ ШТО ЗАБОРАВААТ И НЕ ПОМАГААТ ТРЕБА ДА БИДАТ ВО СЛЕДНА КАТЕГОРИЈА И НЕ ВО ИСТА КАКО ОНИЕ КОИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ МОМЕНТИ ПОМАГААТ ОД СЕ СРЦЕ СО СЕ И СЕШТО.

НЕКА ЖИВЕЕ ВЕЧНО МАКЕДОНИЈА И СИТЕ ОНИЕ КОИ НАВИСТИНА ИСКРЕНО И БРАТСКИ И ПОМАГААТ. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top