Коментари

ДУИ уценува со поделба на земјата

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy Свекрва

Неодамна еден од авторите на Рамковскиот договор, Aмериканецот Пол Вилијамс, бил ангажиран од ДУИ за дефинирање на законски или уставни измени за спроведување на т.н. Мајски договор, односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник. Неколку дена потоа, медиумите информираа дека опозициската ДУИ заедно со експерти разгледува модели по примерит на Северна Ирска и Белгија за поделба на Македонија по региони.

По повеќе од две децении од воениот конфликт во 2001 година, откако Рамковниот договор е имплементиран во уставот, ДУИ откако ја изгуби власта говори за поделба на земјата. Причината е поради можноста дел од раководството на ДУИ да одговараат за корупција и криминал. Тие за да се заштитат, сега сакаат по секоја цена да станат дел од власта. Затоа тие се закануваат дека ќе го нарушат унитарниот карактар на земјата.

Всушност, ДУИ се обидува да уценува, или да биде дел од власта или ќе работи на поделба на Македонија. Но, овие закани во јавноста не се сфаќаат серизно. И премиерот Христијан Мицкоски ќе каже: „сѐ ова останато, јас, простете, го сфаќам како обид да се заштити криминалот. И сѐ додека вака настапуваат, нема да наидат на сериозност никаде“

Односно ДУИ бара ако неможе да краде на централно, барем да може да делува на регионално ниво. Така, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак ќе искоментира на Фејсбук  дека „Досега Македонија ја крадеа како целина, во иднина, според платформата на Пол Вилијамс, ќе ја крадат по региони“.

За веста дека експерти разгледуваат два модела со кои се предвидува територијална поделба по региони, портпаролката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели: „Македонија е членка на НАТО и членството таму значи исполнување на критериумите на кои работеа неколку влади. За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив рекетарскиот принцип што го применува ДУИ и тоа е „ако не сме во Влада да крадеме, тогаш ќе правиме етнички прашања и поделби. Потсетуваме, ДУИ до пред месец и половина беше на власт заедно со СДС и тогаш на Али Ахмети не му беше важна регионалната поделба на Македонија, колку беше важно „Арберија“ да ги добие тендерите на Артан, внукот на Али да ја купува Соравија, или пак фирмите подизведувачи на Бехтел и Енка да се истите од Зајас или блиски до ДУИ. Тогаш на Ахмети не му беше важно ништо од ова.“

Овие т.н. дурдеџии на 21 век, денес сакаат по секоја цена да ги сочуваат позициите и имотите на челниците на ДУИ. Тие сакаат да склучуваат договори какви никаде во светот нема. Односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник. Тоа е договор за исплата на класичен рекет, со цел да се сочува мирот. Тоа се договори со кои малцинството владее со мнозинството.

Со оглед дека ова е само почеток на однесувањето на ДУИ, откако стана опозиција, по одморите се најавуваат протести, кои лесно можат да излезат од контрола ако не се превенираат. Албанската заедница која сака мир и просперитет треба да му стави крај на комфликтното однесување на ДУИ.

А како што ќе изјави Митева: „ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за решенија за подобар живот на луѓето и за одржување хармонија и квалитетни односи засновани на решени проблеми, без поделби и конфликти.“

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top