Коментари

Македонија е Жива и ќе постои додека постојат Македонците!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во време  на демократија во Европа, ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани болки од минатото. Повторно некој сака да ни каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја фалсификува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата.

Во 1913 г. Македонија не по своја вина беше поделена од страна на нејзините соседни земји кои го искинаа нејзиното живо национално ткиво и ја поделија територијата на неколку дела. Тоа национално ткиво сеуште крвари.

Заради тоа, мораме на Европа и светот да им ја кажуваме вистината и да ги потсетуваме ако незнаат кои сме.

Да ги потсетиме на славниот Александар Македонски (синот на Филип Втори Македонски), во чие време македонската империја се протегала на три континенти и чија крајна цел била  создавање на општосветска империја, во која требало да нема граници во мешањето на различните култури и во која сите народи требало да живеат братски. Дури и во ‘Историјата на Грција”, од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот. Таму стои следниот цитат : “Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тракискиот, а по се изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот”.

Да ги потсетиме дека Христијанството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија. Македонија и Македонците повеќе пати се спомнати во Библијата, најмногу заради мисијата на светите апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

Да ги потсетиме на Свети Климент Охридски, човекот кој ја создал кирилицата – писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони: Македонци, Руси, Украинци, Срби, Бугари, Хрвати, Босанци, Црногорци, и многу други припадници на други народи.

Мораме да им кажеме и заради Илинденскиот идеал, заради Гоце, Даме, Ченто, заради нивните знајни и незнајни соборци кои се бореа и загинаа за достоинството на Македонија и заради нашите деца и внуци и нивните потомци кои мора да опстојуваат на нашите простори.

Да ги потсетуваме на Македонците испраќани на Голи Оток, во Идризово, во затворот на Солунска глава, само затоа што сакаа самостојна Македонија.

Да ги потсетуваме дека само Македонците живеат и зборуваат македонски во сите четири  дела на Македонија, во етничка Македонија. Не само некогаш, туку и денес. Затоа Македонија им припаѓа на Македонците

Заради сето ова и заради уште многу нешта, гордо и со крената глава на сите гласно да им кажеме: Нема на никој да му успее да ја уништи Македонија, за век и веков!

Драги Македонци, да ја имаме Македонија како капка на дланка, татковина, дедовина, Македонија мајка на Македонците, земја на достоинствени Македонци кои со гордост ја исполнуваат Македонската кауза.

На сите да им кажеме: Македонија е Жива и ќе постои додека постојат Македонците!

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top