Коментари

Ламбе Арнаудов: ЧЕСНИТЕ ДАРОВИ ОД МАЈКА МАКЕДОНИЈА

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy

Ламбе Арнаудов

Светол ден, 8 септември, празник на независноста на МАКЕДОНИЈА.

Свечена прослава, како што доликува на овој голем ден, и фасцинантна изведба на уметничкиот дел од програмата, што сите нé остави без здив и нé потсети на брилијантните нематеријални богатства што блескаат, истовремено и нераскинливо од душата и срцето на МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК.

          Сé уште под импресии од прикажаното, и со восхитувачки занес, додека излегувавме од салата ми пријде човек, голем уметник и честитајќи ми го празникот додаде:

          Ламбе, овие уметници да беа родени во Ливерпул, Париз, Берлин, Беч… сигурно ќе настапуваа во најпознатите и најпрестижни филхармонии и оркестри во светот.

          Грешка, голема грешка. И ТИЕ и ние треба да сме пресреќни што сме се родиле во оваа прекрасна татковина МАКЕДОНИЈА која што сесрдно, несебично и со радост ги истурила сите чесни, би рекол Божји дарови, врз своите сакани чеда. Дарбата, талентот е најскапоцен дар што родителката, хранителката, воспитачката, душегрижничката мајка дарителка МАКЕДОНИЈА го дарува на СВОИТЕ, а за возврат не бара ништо освен, сето тоа што сте го добиле на дар да знаете не е наменето, за тебе туку дека ти си одбраниот да го споделиш со својот народ.

          Тоа е единствен начин на изјавување благодарност, а мајката ќе биде најсреќна што вредностите над вредностите не останале во нејзините недра и пазуви или себични синови кои најубавото наше не го извеле на светлоста на денот, дозволувајќи сите да уживаат на понуденото од срце.

          Ја користам оваа прилика да ВИ се заблагодарам на честа што ми овозможивте безвремено да уживам во Вашите космичко вредни изведби, на извонредниот спој на народното творештво со новото.

          Не сум пристрасен и не претерувам со вашиот премин покажавте и докажавте дека целокупното творештво во сите сфери на музиката е одлично започнато ОВДЕ, ТУКАШНО и оригинално.

Сé друго е само вешта преработка и реаранжман на веќе постојното.

Ве охрабрувам. Продолжете по вашиот светол пат на афирмација на сé што е македонско затоа што тоа е и светско.

Благодарам, диригенту, и ТЕБЕ кавалџијата, клавиристот, саксофонистот, виолинистите, тапанџијата, сите брилијантни изведувачи, посебно прекрасните достоинствени мајторки на вашиот занает, и на сите членови, ви се поклонуваме до земја, секако да не ги заборавиме и новите МАЈОВЦИ на галичките тапани. “ВЕЛИЧЕСТВЕНО“ единствени.

А, сега малку и за неговото величество ПРЕСВРТ во благодарницава, ГОВОРОТ НА ПРЕМИЕРОТ.

Знаете дека животот е убав затоа што понекогаш ќе се роди човек кој е неопходен во моментот, местото и времето.

Очигледно е дека како што талентираните од свечениот дел, достоинствено и чесно возвратија со благодарност на ТАА која ги обдарила. Премиерот тоа исто го направи многу убедливо чесно во делот што е негова обврска како лидер на држава.

Интересно како и секогаш многу скромно и сосема малку зборуваше за себе освен што по којзнае кој пат кажа дека никогаш нема да ги изневери граѓаните на МАКЕДОНИЈА како што тоа не го правел во минатото, така ни сега или во иднина.

Говорот беше државнички, синтеза маестрално срочена од Черчиловата храброст и решителност, Гоцевиот патриотизам, Гандиевската помирливост, Гарибалдиевско единство, Шумановите европски визии, Кенедиевите права и еднаквост со слободарските пораки на француската голема четворка предводена од недостигнатиот Волтер.

Неговата подарена рака кон сите, зборува дека за него нема човек кој што живее во МАКЕДОНИЈА, а да не е важен и потребен во остварувањето на заедничките желби на сите.

Премиерот своето го направи, ги рашири рацете, ги повика сите еднакви со различни професии и дострели, заедно да го изодиме овој пат кон среќна во благосостојба изнедрена нова сосема поинаква МАКЕДОНИЈА со која сите ќе се гордееме и на која од срце ќе се радуваме.

Кој ќе дојде е добредојден, кој ќе остани назад никогаш нема да ги стигне храбрите, но за жал и себе. Пишманењето ќе му е утеха.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top