Коментари

Александар Џеповски: КАКО БУГАРИТЕ ГО УКРАДОА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ГО НАРЕКОА БУГАРСКИ

1Dzepovski1

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Џеповски: КАКО БУГАРИТЕ ГО УКРАДОА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ГО НАРЕКОА БУГАРСКИ

Aleksandar

Хрватот Ватрослав Јагиќ (06.07.1838 – 05.08.1923) е еден од најголемите слависти во 19-ти и 20-ти век, бил професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена.

Јагиќ е автор на многубројни славистички студии и изданија на старословенски текстови и основач и издавач на славистичкото списание „Архив за словенска филологија” во Виена, како и на незавршената „Енциклопедија на словенската филологија”.

Ватрослав Јагиќ, во своето дело „Historija književnosti naroda hrvatskoga i srbskoga, Staro doba“ од 1867 година, го објаснува преплавувањето на Балканот во 7-ми век од страна на азијатските Бугари, коишто тогаш зборувале турко-монголски јазик. Денешните Бугари кои се мешавина од Прабугари, од Тракијци и од Словени, откако се доселиле на Балканот, во следните два века по мешањето со Словените, го превземале МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК, на којшто понатаму му го дале државно име бугарски. Во суштина, денешните Бугари зборуваат дијалект / варијанта на старословенскиот јазик, коишто само тие го нарекуваат „старобугарски“, а останатиот словенски свет и научната фела го нарекуваат старословенски.

Ова е во линија со тврдењето дека во основата на старословенскиот јазик се наоѓаат МАКЕДОНСКИТЕ говори од три села во околината на Солун: Сухо, Висока и Зарова, која теорија ја поддржуваат најголем број од славистите во светот.

 Еве што пишува Јагиќ:

– „Рековме однапред, дека Константин (Кирил) го избрал оној јазик што се зборувал во неговата татковина (се мисли на Македонија), за составувањето на буквите и преводите на светите писма; тоа беше наречјето на македонските Словени, за кои сите сведоштва, домашни и странски, сведочат дека се нарекувал словенски, па така се нарекувал и народот, којшто постоел тогаш во деветтиот век. Потоа азијатските Бугари го преплавиле Балканот преку Дунав…; им се раширила државната власт низ Балканот, низ Македонија и Тракија. Кога МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК преовладал со целата бугарска држава како црквена светост (за Борис и Симеон), тие му дадоа државно име, нарекувајќи го јазикот бугарски.“

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ. СЕКОЈ ВАШ ТРУД ШТО Е ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНИЈА Е ДОБРОДОЈДЕН ОД МЕНЕ, СИТЕ НОРМАЛНИ МАКЕДОНЦИ И ОД БОГА.

АМИН !!!

Ватрослав Јагиќ 1867 год – Овој елаборат е превземен од Фејсбук потпишан од автор Македонија на Македонците.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top