Коментари

Весна Атанасовска: Националниот консензус – неопходен пат кон стабилност и просперитет

Vesna Atanasovska

                                                       Vesna Atanasovska copy

Одбивањето на предлогот за национален консензус за клучни прашања е на штета на сите граѓани. Во време кога се соочуваме со големи предизвици, внатрешни и надворешни, потребно е политичките лидери да го надминат партиското и да ги стават државните интереси на прво место. Националните прашања како  и економскиот развој, образованието, здравството, надворешната политика и евроатлантските интеграции бараат стабилност и заедничка визија за иднината.

Граѓаните веќе долго време живеат со последиците од поделбите и политичките игри, кои ги одложуваат суштинските реформи и го намалуваат нивото на доверба во институциите. Оваа ситуација создава климат на несигурност, која ги поттикнува младите и стручните лица да бараат среќа надвор од границите. Наместо да се стремиме кон национален напредок, ја продлабочуваме кризата и фрустрацијата кај населението.

Националниот консензус не значи унифицирано на мислењата, туку соработка во корист на општото добро. Тоа е процес во кој различните политички субјекти заеднички ги идентификуваат приоритетите и начините за нивно остварување. Во вакви моменти, кога светот се менува брзо, а регионалните и глобалните околности се непредвидливи, важно е да изградиме стабилна и одржлива политика која ќе ги обедини сите граѓани без разлика на нивната етничка или партиска припадност.

Одбивањето на национален консензус е одбивање на иднината. Тоа значи продолжување на цикличната политичка борба која нема победници, туку само поразени – граѓаните. Секој одговорен политички фактор мора да ја преземе одговорноста за иднината на државата и да покаже подготвеност за компромиси во интерес на народот.

Само низ ваков пристап можеме да изградиме општество кое е силно, обединето и подготвено да се соочи со предизвиците на новото време. Граѓаните заслужуваат политички лидери кои ќе се борат во интерес на народот, а не за лични или партиски позиции.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top