Коментари

ЛАЖЛИВАТА ЕУ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ МАЈТАПИ СО МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

 Европската комисија одлучи неодамна да ги раздвои Македонија и Албанија  зза почеток на преговорите за ќленство во ЕУ со тоа што Албанија продолжува на долгиот пат да преговора за членство, а кутратата Македонија по неброените жртви што ги направи и внатрешните реформи – по кој знае кој пат повторно е во чекалната,
  Ова садистичко изживување на официјален Брисел кон нашата земја не  би ме зачудијо доколку не станува збор за непочитување на сопствените критериуми и предуслови (Копенхагеншките критериуми) што Македонија потполно ги исполнува, но сега работата, т.е. условувањето е сведено на промена на Уставот на Македоонија и вметнување на бугарите во преамбулата на Уставот.
   Дека ЕУ не признава принципи и норми што самата ги донесува, туку се е сведено на гола политика и  интереси, ќе илустрирам со еден очигледен пример. Пред неколку години истата таа Комисија донесе став дека Македонија треба да ги отпочне преговорите за членство, а Холандија се спротивстави и Албанија да започне преговори заради високиот криминал, корупција и произвдство на дрога. На холандскиот став се спротивстави Италија која инсистираше: или двете зенји (Македонија и Албанија) истовремено ќе започнат преговори, или ниедна!? Сега, за жал, кога се наметна ставот само Албанија да започне преговори, Холандија ја замолчеа останатите членки, а “пријателска” Италија ја немаше овој пат така категорички да се завземе за нашата земја како што го стори тоа своевремено за Албанија!? Коментар сметам дека не е потребен.
   Еве уште еден доказ: на Македонија и беше ветено дека доколку го смени името (!) како награда од Брисел ќе следи отворање на процесот на преговорите! Но и на ова се спротивстави кој, друг, ако не Франција, измислувајки некакви си кластери!? Германската канцеларка Ангела Меркел специјално отпатува во Париз да го убедува Макрон дека ЕУ мора да го испочитува ветеното, но Макрон (Франција) остана на стандардниот антимакедонски став!
2. Ширум Македонија, но и во дијаспората, беше одбележан 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. Дома, во земјата, на многу манифестации се изредија некакви “наследници на традициите на борците во НОБ”,  но освем претседателот на Соузот на борците г. Никола Стојановски кој навистина ја заслужува титулата Борец во НОБ, (тој има преку 100 години), наследници ретко да има. Се е сведено на поранешни офицери, бивши полицајци и поединци кои сеуште се гребат на привилегиите што таа организација по инерција од минатото ги нуди.
   Во предвечерието од последните избори направивме обид да се сретнеме како политичка партија и да разговараме за состојбите и иднината на СБМ, но беше одбивано, за на крајот да понудат средба со претседателот на Градскиот одбој. Понизивачким нема што.
   Тие самопрогласени “наследници” треба да сватат дека времињата се променија и сега имаме вистински борци кои се бореа за Македонија на разни фронтови дома и ширум светот, и на  кои секако им е место во боречката порганизација. Што побргу сватат тоа во СБМ – то подобро за сите!!!
   СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА  НА СЛЕДБЕНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИИТЕ ОД НОБ И  В О Е Н И  В Е Т Е Р А Н И!!!
3. Заврши враќањето на железната ограда околу комплексот на Владата на Македонија што беше отстранета по наредба на Премиерот од Муртино Зоран Заев. Оградата повеќе како украс отколку било што друго, на споменатиот Заев му пречела, бидејки сакал да има “непосреден контакт со народот”.
   Трошоцците за железната ограда околу Владата кога се поставуваше беа проценети на 700.000 евра. Сега со постоечките цени ценам дека таа чини до милион евра народни пари. Предлагам актиуелната влада да му испрати сметка од еден милион евра на лицето ЗЗ и да го плати трошокот што го направи заради негов хир  и Муртински бесотилок.
4. Четвртава точка е за рубриката верувале – или не! На шести октомври во поштенското сандаче најдов дури две (2) покани од Собранието на РМ, со потпис од претседателот Африм Гаши за приемот по повод годишнината од референдумот. Едната покана има печат со дотум дека е испратена на 26.08.2024, а втората носи датум 29.08.2024. Но проблемот лежи во фактот што и двете покани ги добив на 6.октомври 2024. Бидејки на ковертите нема марка, очигледно е дека се испратени по курир, што значи некој во Собраниеето продолжува со праксата “те канам за да не ми дојдиш”!!!
   Очигледни се настојувањата за тој историски датум (8.9 1991) важноста да се даде на Собранието, но и во оваа прилика ќе нагласам: Референдумот за независност го организираше ВЛАДАТА НА АКАД. д-р НИКОЛА КЉУСЕВ, а не Собранието. Колку за потсетување, тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов и не се појави на референдумот и не гласаши за осамостојување на Македонија!!!
  Не ми е јасно зошто Институтот на национална историја, МАНУ и други научни институции не се ангажираат да се откријат и појаснат фактите за овој многу ваќен историски датум!?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top