Коментари

КАЛИОПИ, МАКЕДОНСКА АРЕТА ФРЕНКЛИН

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешем министер и амбасадор

1. Скопје изминатиов викенд живна како вистинска културна/музичка метропола. Во салата “Борис Трајковски”, по повеќе години апстиненција, неповторлив настап имаше нашата музичка ѕвезда Калиопи, во салата “Јане Сандански” настапи српската фолк-ѕвезда Карлеуша, а во Македонската филхармонија концерт одржа популарното словенечко “Трио Лука Шестак”. И што е најважно, сите три концерти беа масовно посетени, што е потврда дека скопската и македонска публика е жедна за вакви музички хепенинзи.

Беше прекрасно чувството, на пример, да се гледаат долги колони посетители кои стрпливо чекаа на секој од трите влеза во салата “Борис Трајковски” за да уживаат во настапот на нашата поп ѕвезда Калиопи. Но, не би бил доследен себеси ако не упатам неколку отровни стрелички и во оваа прилика. Секако не на Калиопи, бидејки таа со своите гласовни можности, богат репертоар, вонредна кондиција и интерпретација навистина приреди незаборавно доживување. Според мене, доколку Калиопи пее на англиски јазик, не ќе и беа рамни ни Арета Френклин, па ни Тина Тарнер! Стреличката што ја споменувам се однесува на фактот што Калиопи нема настапено во Скопје повеќе години, а причина за тоа е што претходната анационална власт која не сакаше манифестации на патриотизам што зрачи низ секоја песна од репертоарот на Калиони, и од секој збор што со страст таа го посветува на Македонија и на верната македонска публика. Е токму тоа им пречеше на Заевци, Ковачевци и семето на злото што го посеаа маѓу нас Македонците во изминативе седум години. Патем, да се запрашаме што стана и со прекрасната група “Љубојна” и ним слични на кои им беа затворени вратите за настап бидејки интерпретираат македонски  п а т р и о т с к и  песни.

   А само за потсетување, во злогласниот изминат седумгодишен период имавме министер за култура кој се сликаше гол, друг министер кој праќаше театарски групи  дури во Јужна Америка и министерка која финансираше проекти на својата шнајдерка! Верувам дека овие грди времиња се зад нас – еднаш за секогаш!

2. Новата демократска и патриотска власт направи многу кадровски измени од остатоците од поранешниот криминален режим на СДСМ и ДУИ. Но се чудам зошто до сега не чувме за смена на раководството на Државниот завод за стасистика – извонредно важна институција на чие чело како претседател е кадар од СДСМ, а негов заменик е кадар од ДУИ? Токму тој Државен завод за статистика треба сега да обзнани колкави се реалните бројки на населението во Македонија, и особено колку изнесуваат бројките на малцинствата. Тој Завод треба да каже на македонската јавност како тоа иселеници од едно малцинство (конкретно од Швајцарија) беа вброени во вкупниот број и тоа како домородно население, а наши – македонски сонародници не беа вклучени!?

  Статистичките операции особено пописот на населението се од огромна важност и некој треба сериозно да одговара доколку со податоците се манипулирало, за што постојат огромни сомнежи.

 3. Македонија е во агонија како последица на капитулацијата од Нивице, што особено се манифестира во застојот за почеток на преговори на нашата земја зачленство во ЕУ.  Последиците од тој чин, како и фашизоидната преговарачка рамка што ни ја наметна како услов ЕУ за почетот на преговори се недогледливи, но мора да се обзнане дека цехот го плаќаме сите ние, а ќе го плаќаат и идните генерации, но некој за тој злостор ептен многу се офајди и профитира. На еден предизборен собир пролетва многу висок политички авторитет јавно кажа дека за промена на името на државата биле инвестирани (т.е. бил даден поткуп) од над 150 милиони евра, а само за прифаќање на грчкиот став за “ерга омнес” /име и за внатрешна употреба/  се дадени уште 30 милиони евра? Кој тоа давал, и што е најважно каде завршиле тие пари – не знам.  Работа е на службите да се позанимаваат со овие прашања.

4. Веќе четврта недела чекам Министерството за надворешни работи јавно да соопшти кога магистрирал и кога докторирал, како и темите на магистратурата и докторатот на скоро именуваниот директор за мултилатерала во МНР. Мислам дека ќе биде интересно за пошироката јавност да ги дознаеме овие податоци.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top