Коментари

ДА ГО ЧУВАМЕ И НЕГУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

GORDANA OCTOBER 2024

GORDANA OCTOBER 2024

Гордана Димовска

Јазикот е нашето највредно културно богатство кое не идентификува како нација со своја посебна култура традиција историски развиток. И денес тој Македонски јазик се зборува не само во Македонија туку и во дијаспората.

Јазикот е облека на мислата. Ниту еден друг јазик не може да ја пренесе магијата на емоциите како што може мајчиниот јазик. Во татковината но и во дијаспората на многу различни начини се афирмира јазичното богатство кое всушност е нашиот идентитет. Во Викторија некаде од 1977 година сме привилегирани да го имаме македонскиот јазик вклучен во програмата за јазици и се изучува во саботните јазични сесии.

Етничките училишта финансирани од македонската заедница првпат почнаа да го нудат изучувањето на македонскиот јазик кон крајот на 1960-тите. Гимназијата Footscray беше првото средно училиште што нуди македонски јазик на сите нивоа во редовната училишна програма, а македонскиот беше еден од основните јазици во Северен Џилонг. Центарот кога беше отворен во 1980 година. Првично беа потребни неколку години за да се привлече вниманието на родителите за достапноста на часовите по јазик во VSL. Македонски стана акредитиран со V.I.S.E како предмет од Група 2 во 1984 година за период од пет години. Во 2022 викториското училиште за јазици, VSL ја обезбеди програмата за изучување на јазикот за деца од прво до 12 година, во 6 центри, Altona North, Keilor Downs, North Geelong,Point Cook, Thomastown, Dandenong.

.Американскиот поет Џон Киарди рекол: Кажи ми колку знае нацијата за својот јазик и ќе ти кажам колку таа нација си го знае својот идентитет.

Јазикот е нишка од разбојот во која се вткаени безброј македонски записи чија вредност е од непроценливо значење. Јазикот кој е вткаен во нишката, е нешто најсвето и највредно, нешто за кое нашите претци животот го дале  и го зачувале кога им било најтешко. Не е доволно само да се има, туку е уште поважно да се негува, да се зачува за наредните генерации. Без јазик го губиме и идентитетот како Македонци. Крсте П. Мисирков рекол: ‘ Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! .

Сите поединци треба да се чувствуваат слободни во истражувањето на уникатноста на нивната култура и идентитет.  Притоа се повеќе знаат за културната разновидност што постои во светот околу нив.

Јазикот дозволува да се развива и културата со тоа што ги ослободува луѓето да се движат подалеку од нивните непосредни искуства. Да немавме јазик ќе имавме многу малку сеќавања. Тоа е затоа што искуствата ги поврзуваме со зборови и потоа користиме зборови за да се потсетиме на искуството. Ако јазикот не беше присутен, немаше да има можности за меѓусебно разбирање нити разбирање на други култури. Токму поради постоењето на јазикот, ние сме во состојба да планираме активности и настани едни со други, да развиваме други вештини да размислуваме подобро.

Како јазикот влијае во различните аспекти од нашите животи?

Јазикот е она што не прави луѓе. Така луѓето комуницираат. Со учење јазик, тоа значи дека сте совладале сложен систем на зборови, структура и граматика за ефективно да комуницирате со другите.

За повеќето луѓе, јазикот доаѓа природно. Учиме како да комуницираме дури и пред да можеме да зборуваме и како што старееме, наоѓаме начини да манипулираме со јазикот за вистински да го пренесеме она што сакаме да го кажеме со зборови и сложени реченици. Се разбира, не е целата комуникација преку јазикот, но совладувањето на јазикот секако помага да се забрза процесот. Ова е една од многуте причини зошто јазикот е важен.

Јазикот е важен за културата и општеството

Јазикот ни помага да ги изразиме нашите чувства и мисли – ова е единствено за нашиот вид бидејќи е начин да се изразат уникатни идеи и обичаи во различни култури и општества.

Со учење странски јазик, можете да разберете идеи и мисли кои може да се разликуваат од вашата култура. Можете да научите обичаи и како луѓето комуницираат во дадено општество. Јазикот помага да се зачуваат културите, но исто така ни овозможува да научиме за другите и брзо да дојдеме до нови идеи сознанија.

Македонските организации, културно уметнички друштва, медиумо, и сите поединци од македонско потекло треба поактивно да се вклучуваат во зачувувањето на јазикот, нашиот препознатлив национален белег. Да продолжиме да ткаеме со убави македонски зборови, за век и векови. Македонски јазик – тоа сум јас.

 Maked

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top