Коментари

Македонија не смее да попушта

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДУИ изгледа тешко го поднесува отсуството од власта, па нивниот лидер Али Ахмети испрати писма до високи меѓународни лидери (Албанија, Косово, ЕУ, САД, Франција, Германија) за заштита на Охридскиот договор и правата на Албанците во земјата. Во овие писма, Ахмети изразува загриженост за најновите политички и уставни случувања во земјата, кои според него ги загрозуваат принципите на еднаквост и стабилност и меѓуетничката хармонија..Вакво писмо испратил и до премиерот Христијан Мицкоски.

Можноста Уставниот суд да го укине Законот за употреба на јазиците, како и одлуката на Уставниот суд за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции (укинувањето на балансерот), за Али Ахмети преставуваат серозна закана на мирот и стабилноста во земјата и на регионот во целина.

Наведувањето дека ваквите причини можат да бидат закана за дестабилизација на земјата, за прествниците на власта прествува „политички популизам“, бидејќи минатата влада, во која беа преставниците на ДУИ, „во рамки на Националната стратегија од 2022 до 2030 година за реформи во јавната администрација исто така имаат донесено одлука и потврдиле дека балансерот бил предмет на злоупотреба и дека треба да биде укинат.“  

Исто така, во 2021 година, додека ДУИ беше во власта, самиот Али Ахмети велеше дека Охридскиот договор е завршена работа, а националните теми се затворени. Откаде пак сега, откако ДУИ е во опозиција, повторно да се отвараат овие теми.

Видливо е дека ДУИ не е научена да биде во опозиција и дека нејзините челници уплашени дека може да одговараат за своите постапки додека беа на власт, очајно бараат начин како повторно да бидат дел власта.

Сепак, кога некој е очаен, можни е да преземе секакви чекори. Едноставно, не треба зборовите на Али Ахмети да се земаат како празни муабети. Македонските служби треба внимателно да следат и навремено да реагираат, а некој дури треба да даде отчет и за сутилната закана. 

Македонија не смее да попушта пред уцени.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top