Коментари

СKOПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА 2028

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1.Некој рече дека Скопје ќе да ми ти бил еден од европските центри на културата во 2028. Убаво. Идејата е за поздравување. Арно ама, колку и да се радуваме на оваа идеја, истата истовремено и загрижува. Од каде да почнам?

   Несомнено Скопје има што да понуди на посетителите, особдено на оние од странство. Безбројни споменици од блиското, но и многу далечното минато, современа архитектура, особено објекти од програмата “Скопје 2014”, но и традиционални објекти како што се старата чаршија /најголема од овој вид на Балканот/, археолошкиот локалитет Скупи, но тука е и неповторливиот кањон Матка, и други природни реткости. Да не ги заборавиме Операта, Национаалната филхармонија и секако Универзалната сала која пред некој месец изгоре до темел, иако и претходната, а и актуелната влада ветија дека до 2028 ќе ја обноват!?

   Убаво, нема што. Но нешто што ме загрижува а Бога ми и треба да не загришува сите нас е  х и г и е н а т а  и нечистотиите на секој чекој околу нас. Каде и да се свртиш по улиците и парковите наидуваш на конзерви за пијалоци, како и пластични шишиња расфрлани на сите страни, а за хартии и кутии од цигари и сл. да не зборуваме.

  Не знам што треба да се направи луѓево да  ги сменат навиките и да се знае каде  да се фрла отпад. А тоа не е голема филозофија. Големи метрополи многу едноставно го имаат решено проблемот со отпадот: пред се со медиумски кампањи за едуцирање на граѓаните, но и со едукативни кампањи – да се учат децата од предшколска возраст што каде треба да се фрли!?

  Големите метрополи обично се придружени со инсталации каде се селектира отпадот, материи од органско потекло се согоруваат и не само што се уништуваат, туку од нив се произведува топлотна енернергија и се остварува профит. Низ градот се поместени контејнери за пластика и стакло и од тој вид отпад – со нивната обработка, не само што се одстрануваат и се чистат од јавните простори, туку и се добиваат користи производи.

  Се разбира, секогаш при ваква помисла се испречува фактот пари, пари, пари! Тој фактор е незаобиколив, но и непремостлив. Подтојат на светов бројни фондации и институции што се спремни да финансираат /да кредитираат под поволни услови/ вакви проекти – само треба да се чукне на врата и да се побара.

  Впрочем, апликацијата за наше членство во ЕУ не е само хартиологија, туку овој аспект е многу важен за нашиот “кејс”!

 Кандидатурара за европски град на културата е деполнителен мотив да се посветиме сите на оваа тема бидејки тоа го правиме пред се за нас, за нашите деца и сите блиски. Никој нема да дојде од страна да ни ги исчисти улиците, парковите и јавните простори. Тоа треба да го сториме самите ние!!!

  Со еден збор, Скопје има што да им понуди на посетители но тоа треба да биде прифатливо /чисто/  во стилот на европските метрополи!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top