Коментари

ГО ОСВОИВМЕ И Н А Т О !?

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

1. Мakедонија неодамна доби необично високо признание на меѓународен план: долгогодишната политичарка Радмила Шекеринска беше именувана за заменик на Генералниот секретар на НАТО Макс Руте. Велам необично бидејки се работи за досега највисока позиција што, според мое мислење, воопшто ја добил некој македонски политичар на меѓународен план! Додуша, имавме двајца кои беа претседатели на Генералното собрание на ООН (Лазар Мојсов и Срѓан Керим) но мандатот на таа позиција трае само шест месеци, а мандатот на заменикот на генералниот секретар на НАТО трае четири, а последно време дури по два мандати – значи осум години, па и повеќе.

  Фактот што кадар од Македонија е именуван за заменик на генералниот секретар на НАТО несомнено е огромна чест и признание и треба да не радува сите нас. Особено поради фактот што функцијата е добиена во многу силна конкуренција! Противкандидатки на Шекеринска беа Maрија Габриел, поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија и Д-р Колинда Грабар Китаровиќ, поранешна амбасадорка на Хрватска во САД, прва жена шеф на директоратот за јавна дипломатија во НАТО и поранешна претседателка на Република Хрватска.

   Но нешто што особено ме изненади е што изборот се случи некако набрзина (или така мене ми се чини), што е невообичаено кога станува за кадровски решенија во Алијансата. И самиот поминав четири години како амбасадор на Македонија во НАТО (2010-2014) и добро ги знам процедурите при именување на некоја функција во Алијансата. Без да омаловажувам некого, па дури и за курир или шофер се водат многу строги процедури и ренгенски проверки, а не пак за втор човек во Алијансата. Па дали  натовци не им пречеше аферата со “бомбона бизнисите”, или информациите од некои македонски портали за купување на дури три куќи и станот на адмиралот Анте Банина и генералот Димче Савевски во 2022 (дали станува збор за провизиите од набавката на оклопни возила од САД за 220 милиони долари, не знам?).

   Едно е сигурно, иако според процедурите на НАТО ген-секот именува свој заменик а амбасодорите во Советот на Алијансата само аминуваат на таа одлука, некој многу, многу добро притиснал (а се знае чиј глас е највлијателен во НАТО) за одлуката на ген-секот Руте. Но, се разбира, имаме наш кадар, Македонка за заменик на генералниот секретар на таа позиција и тоа е најважно!

2. Повеќе пати имам пишувано за потребата Македонија како аргумент во разговорите со званична Софија да го покрене прашањето за враќање на непроценливото богатство што Бугарија во своите освојувачки походи во нашата татковина ги присвои (ги украде) од нашите цркви, манастири и богатите археолошки наоѓалиошта. Ќе ги споменам деведесетте предмети украдени од црквата Св. Богородица Перивлепта од Охрид меѓу кои и круната на охридските аргиепископи, наодите од Требеништа. Бугарија ја опљачка пред да ја запалат и црквата Света Богородица во Скопје, а малкумина знаат дека се намерачиле да го крадат и длаборезот од црквата Свети Спас што веќе бил спакуван во сандаци да го носат во Софија но скопјани се побуниле и сандаците биле сместени во подрумите на Народната банка Во меѓувреме Бугарија капитулирала и длаборезот ни остана нам кому и им припаѓа.

  Контроверзниот директор на историскиот музеј во Софија, пок. Бозидар Димитров во една прилика изјави дека украдените предмети од Св. Богородица Перивлепта ќе ги вратат на Македонија кога ќе се демократизира. Па мислам дека сега е дојдено време тоа и да го направат!

  Пљачкале и многу други, но во оттуѓувањето на македонското археолошко богатство учествувале, за жал и домашни актери! Во Швајцарија, на аукција, е продаден преубав голем бронзен сад (го нарекуваат кратер) пронајден во гробница во село Кроешница, Демиркаписко, што денес е во приватна збирка во Њујорк, а проценет е на шест (6) милиони долари! Садот, според некои извори, е изнесен од Македонија со помош на висок македонски политичар и странски амбасадор.

 Истовремено, го охрабруваме министерот за култура и туризам Љутков да се одважи и да го покрене прашањето за враќање на македонското културно богатство што сега се чува во бугарските музеи како еден од клучните аргументи од наша страна во разговорите на сите нивоа со Бугарија.

3.  Неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Mакедонија Кристоф Ле Риголер неодамна во интервју за МИА изјави дека “Франција е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади (за почеток на преговорите за членство во ЕУ, М. Тр). Преземените обврски мора да се почитуваат. Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки”, додаде тој во интервјуто. Екселенцио, со сета моја почит, ова што го застапувате би било во ред доколку во самата Унија не правевте отсапки во минатото, а немам двојби дека ќе правите и во иднина! 

Нема да наведувам примери како кафе паузи се случуваа за да се надмине негодувањето на некоја членка за одредено прашање, или уцени со недавање на финансии доколку некоја членка не исполни одредено барање и сл. Унијата најде да покажува мускули на Македонија која направи толку многу големи жртви што повеќето членки го почитуваат во стилот “Maкeдонија направи толку многу жртви и ред е сега и ние /Унијата/ да испорачаме!!!”, став што преовладува во Брисел. Добро е ова да го пренесете во Париз и Франција да го промени својот крут став кон нас бидејки тезите што Вие и званичен Париз ги застапувате за непроменливост на преговарачката рамке се дискутабилни и со сигурност не се погледи на мноштвото членки на ЕУ

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top