Коментари

М-р Мартин Треневски: ПРОПУШТЕНА ПРИЛИКА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

1. Минатиов викенд француската престолнина Париз беше центар на светската државничка елита. Додуша, политиката не беше повод за собирот од над 50 светски лидери – државници и претставници на многу влади, туку причина беше отворањето на реставрираната катедрала Нотр Дам која настрада во пожарот што ја зафати пред пет години.

  “Ѕвезда” на настанот секако беше новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп кој со својата популарност дури го засени и домаќинот на настанот – францускиот претседател Емануел Макрон. Французите како домаќини се одважија дa ја поканaт да присуствува на настанот и претседателката на РМ Гордана Силјаноска Давкова, што според мене не е само добар дипломатски гест, туку и на симболичен начин најава за омекнување на традиционалните не баш коректни политички ставови на Франција кон нашата земја (Кога ЕУ требаше да испорача почеток на преговори на РМ за членство на РМ, франција измисли некакви си кластери и по кој знае кој пат ни се одложи почетокот на преговорите. Колку долго, ќе видиме).

  И се ќе беше во ред доколку посетата на  претседателката се реализираше!? Замислите ситуација: нашата Гордана да се сретнеше, на пример, со претседателот Трамп  и во таа прилика пријателски да му кажеше: Претседателе, Македонците во Америка гласаа за тебе. А и ние во Републиката те подржуваме! До ваква и слични ситуации, за жал, не дојде. Ќе прашате зошто? Затоа што Гордана не отпатува во Париз. Причина? Се расипало владиното авионче!?

   Имено, претседателот на Собранието Африм Гаши на 3ти декемви летал со владиниот авион за Стокхолм (не разбравме по кој повод?), но на враќање е констатиран некој проблем со авиончето и воздухопловот останал во шведската метропола за да биде поправен. Од 3ти декемви до 8ми декемви кога беше церемонијата во Париз се пет дена и сепак не верувам дека станувало збор за толку сериозен проблем на авиончето за да не можело да се поправи!? Впрочем, луѓето од кабинетот на претседателката морале да најдат и алтеративно решение за да може таа сепак да патува во Париз!

  Се сеќавам пред дваесетина години кога кубуревме со владините авиони, тогашниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле за да може да ги остварува своите активности во странство  и з н а ј м у в а ш е  владин авион од Белград и леташе со истиот по светов. Па исто така можеше да се постапи и овој пат. Нашите соседни земји имаат повеќе авиони на располагање и мислам дека со задоволство ќе ни дадоа (за пари, се разбира) на услуга еден. Таа услуга би чинела најмалку 50 илјади долари плус дополнителни трошоци за пилотите, но се прашувам: што се 50 илјади долари (па држава сме, или што сме?) за таков настан на којшто присуствуваат педесетина и повеќе светски лидери?

  Претсаедателката мислам дека треба да  го зајакне својот кабинет со искусни и прагматични луѓе кои ќе знаат да реагираат во вакви ситуации бидејќи ваква шанса, како оваа во Париз, многу ретко се случува и не треба за се пропушти  (патем, меѓу присутните ја видовме и претседателката на Косово Вјоса Османи!).

  2. Неделава што претстои Македонија ја потресуваат протестите на Демкоратската Унија за интеграција (ДУИ)  по повод заседанието на Уставниот суд на РМ што треба да расправа – по препорака на Венецијанската комисија, за некои членови во Законот за јазиците. Во ДУИ се занесуваат дека со пртисоци ќе устеат да влијаат на одлуките на Уставниот суд, а забораваат дека тие се конечни и за нив нема расправа.

  Не сакам да грешам душа, но моите кичевски корени (обајцата родители ми потекнуваа од славна Копачка) ми укажувааат на бројни сличности на однесувањето на раковоството на ДУИ (главно од с. Зајас), со злосторниците Џемо и Мефаил, исто така од Зајас, што хараа во текот на Втората светска војна во христијанските населби во Копачијата (И денес се паменат злосторствата што ги направија тие злосторници во четириесетите години од минатиот век. Само во битката со балистичките банди на Џемо и Мефаил кај с. Кленоец на 6. октомври 1943. загинаа 67 партизани). И ДУИ дојде на власт во војната што ја наметна 2001 година и направи невидени злосторства. ДУИ отворено се заканува дека доколку Уставниот суд донесе измени во Законот за јазиците – за што има 13 иницијативи од партрии и поединци, дека ќе има дестабилизација во земјата (немири видовме на 28 ноември по повод денот на албанското знаме), но се чини дека нивните спонзори од надвор добро ги притегнаа бидејки дестабилизација на Балканот никој нема да дозволи.

  Како и да е, Македонија е на добар пат економски да се опорави, на што често укажува и премиерот Мицкоски, а заканите на ДУИ и кочниците што ги прави нивниот партнер СДСМ само можат донекаде да го успорат, но не да го спречат тој развој. Оваа галама и закани за дестабилизација што ги прави ДУИ не е ништо друго туку обид очајнички да се спречи отчетноста за криминалите што ги правеа дваесетина години колку што беа на власт.

 Но одговорност мора да има и од тоа нема бегање. Ставањето на Артан Груби на “Црната листа” на САД е добар знак дека отчетност во борбата со корупцијата и криминалот ќе има.

Патем, Македонија денес е и далеку поспремна (за не дај Боже) во однос на 2001.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top