Коментари

Македонија нема да дозволи дестабилизација на земјата

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мал дел од албанската заедница во Македонија не ги почитува македонската химна, грб и  знаме. Меѓу нив сеуште има кои сонуваат за создавање на т.н. Голема Албанија. Ова обилно го користат преставниците на ДУИ кои откако станаа опозиција, со закани за дестабилизација, се обидуваат да ги заштитат високите претставници од партијата кои се огрешиле со законот.

Така на Денот на одбележувањето на  албанското знаме 28 ноември со пукотници од огнено оружје беше газено и запалено македонското знаме во Скопје. Во ОУ „7 Март’ во Челопек, со поддршка на родителите и наставниците, деца облечени во униформа со амблем на УЧК-албанска паравоена организација од конфликтот во 2001 година парадираа со играчки пушки во рацете.

Пред седницата на Уставниот суд Законот за  употребата на јазиците ДУИ држеше „стража“ пред институцијата и се закани  дека „секое нарушување на уставната еднаквост е нарушување на мирот, стабилноста и заедничкиот напредок.“ Се јави и албанскиот премиер Еди Рама кој вели дека „албанскиот јазик не е прашање на закони во Македонија, туку она што ја одржува земјата. Тоа го повтори и албанскиот амбасадор во земјата, што преставува класично мешање во внатрешните работи во земјата. 

Со оглед дека во 2017 година ДУИ беа согласни законското решение да биде согласно „Венецијанската комисија, а денес се против мислењето на истата, да се преиспита Законот за јазиците, се поставува прашањето која е пораката која ДУИ ја испраќа кон македонските граѓани. 

Иако самите имаат изјавено додека беа на власт дека Охридскиот договор е исполнет, повторното повикување на него дека не се почитува укажува дека се размислува за да се избегне одговорност од криминалот пред македонските судови и за обединување на Албанците во една држава.   

Очигледно е дека ако не се во власта или ако не се заштитени во своите криминални активности, тие размислуваат да се вратат во 2001 година кога се бореа за отцепување на територии. Но со тоа тие работат против членството на земјата  во ЕУ и против НАТО. Со оглед дека се закануваат со дестабилизација на земјата, а со тоа и на јужното крило на НАТО, во време кога во Украина и на Блискиот исток се водат војни, тие директно одат против Вашингтон и Брисел.

Македонија не размислува да дозволи било каква дестабилизација на земјата, во која ќе страдаат и двете страни.

Македонските безбедносни структури заедно со своите стратешки партнери внимателно ги следат и ги острануваат заканите по мирот и безбедноста.

Добро е што ДУИ нема некоја голема поддршка во албанската заедница, бидејќи повеќето се свесни дека во таков случај најголеми губитници ќе бидат тие. Тие се свесни дека во земјата уживаат такви права какви што немаат малцинствата во ниту една друга држава во Европа. Исто така се свесни дека оние што ги туркаат во отворен конфликт, први ќе ја напуштат државата со „чесно“ заработените пари, како што се случи во Украина.

Основните човекови права им припаѓаат на сите луѓе и тие се неотуѓиви зошто никој нема право некому да ги одземе без разлика на националноста, сепак Македонски народ, негова држава, историја, јазик и култура се реалност која мора сите да ја почитуваат за да нема тензии. Секое игнорирање на овој факт го враќа регионот во минатото кога македонското прашање беше јаболко на раздорот, и причина за војни.

Тоа важи и за ДУИ. Наместо закани и дурдеџиски работи од 19 век, потребно е да работат на интегративните процеси и прогресот на целото население во земјата. Само така ДУИ ќе стане фатор за просперитет не само во албанската заедница туку и во целата Македонија.

Затоа е потребно да ги елиминираат заканите и да работат на интегрирање, почитување на химната, грбот и знамето и на крај и за почитување на нашата заедничка Македонија!.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top