Коментари

ПОЛИТИЧКА БУРА ВО МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Македонија пред Божиќните и Новогодишните празници се соочува со политичка бура на два фронта, дома и на надворешен план. На меѓународен план Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски води бројни активности за да ги објасни нашите/македонските позиции дека нема намера да продолжи со политиката на виткање кичма што ја протежираа двете СДС-вски влади на Заев и Ковачевски и дека нема намера да прави отстапки спротивно на нејзините интереси. Премиерот Мицкоски таквиот став во повеќе наврати го соопшти на бројни соговорници и форуми, а тоа го направи деновиве и со лидерите на членките на ЕУ на самитот во Брисел.

Што е најбитно, се повеќе и поголем број од членките имаат големо разбирање за ставот на Владата дека инсистирањето на ЕУ за внесување на Бугарите во македонскиот устав како предуслов за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ да биде на крајот на преговорите, за да нема бескрајно условување од Бугарија со дополнителни барања! Барем шест-седум земји членки изразија разбирање кон македонскит став, а потајно можеби се повеќе, но останува да почекаме и да го видиме исходот од нивното заседание во Брисел.

Политичка бура е во тек и дома, во земјата. Одкога Христијан Мицкоски објави војна на криминалот и корупцијата, и Обвинителството се размрда од зимскиот сон, па веќе се во тек бројни истраги, а полицијата офанзивно покрена акции на апсења на криминални групи и корумпирани политицари од највисок ранг. Се случија повеќе претреси на осомничени за криминал, а некои од клучните осомничени веќе се во бегство вон земјата. Меѓу осомничените за криминал се, на пример, екс премиерот Димитар Ковачевски, неговиот заменик Артан Груби и уште неколкумина за криминалот во Лотарија на Македонија, а за некои се издадени меѓународни потерници и налог за апсење!

Најбитно е што народот, кој изгуби верба во институциите, веќе очигледно се охрабрува, му се поврати надежда за правда и вербата дека конечно ЌЕ НЕ БИДЕ!!!

Одлучноста на Владата да се фати во костец со мафијата не е по ќеф на опозиционата партија ДУИ која како пијавица беше залепена до власта и ненаситно го молзеше државниот Буџет континуирано дваесетина години. Сега, од кога се најдоа во опозиција, многу тешко им паѓа да се соочат со таа реалност и со неможност и понатаму да молзат буџетски сретства, те се закануваат, со дестабилизација на земјата но – на задоволство на сите нас – ја немаат повеќе подршката од меѓународниот фактор, а американската влада многу јасно стави до знаење дека ги подржува мерките на сегашната вада со ставањето на Црната листа на вториот човек на ДУИ Артан Груби.

Се на се, многу возбудлив период полн со конкретни акции што ветува дека на Македонија и претстои добра иднина/ За тоа потврда се и странските инвестиции што до крајот на годинава се предвидува да достигнат една милијарда евра. Да резимирам: ЌЕ НЕ БИДЕ СО ГАРАНЦИЈА.

2. Втората цртичка од денешнава колумна ја посветувам на една меѓународна и според мене многу интересна тема од која можеме да извлечеме поука и ние дома.

Сурфајки деновиве на интернетот наидов на еден прилог што многу ме изненади, позитивно се разбира.  Станува збор за посетата на Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман бин Сауд на Коптската православна катедрала Св. Марко во Каиро. Токму така, Саудискиот наследник на кралскиот трон и де факто премиер, т.е. владетел на Саудиска Арабија, ја посети коптската катедрала, ја проследи тамошната црквена служба, на крајот даде подароци на црквата, се поздрави со старешините и замина. И сето тоа се случи на скромен и неприметлив начин  (low profile), без некои помпезни најави (сепак станува збор за владетел на моќна земја, најголем извозник на нафта во светот) и со скромно, речиси незабележливо обезбедување.

Природно се наметнува прашањето: како е можно владетел на земја, колевка на исламот, да посети и да проследи служба во православна црква!? За познавачите на приликите во регионот на Блисиот исток сепак ваквиот гест на Саудискиот престолонаследник не е изненадување. Неспорно е дека снанува збор за млад човек, реформатор во вистинска смисла на зборот кој веќе спроведе некои промени во неговата земја – една од најтрадиционалните исламистички земји во која се наоѓаат најголемите светилишта на исламот Мека и Медина!? Во Саудиска Арабија веќе се  чуствуваат промени, пред се во релаксација на односот кон жените.

Пред неколку години таму беше донесен закон со кој строго се ограничува силината на зрачењето на звучниците од минарињата. а возила со специјални направи ги мерат децибалите од разгласите. Прекршителите строго се казнуваат.

Принцот бин Салман ја купи на аукција единствената позната и преостаната слика на Леонардо да Винчи “Спасителот на светот”/Salvator mundi) за само (!) 480 милиони долари и таа денес се наоѓа во Националната галерија во главниот град Мека.

Какви поуки можеме да извлечеме ние во Македонија како мултиконфесионална земја од потезите на принцот Бин Салман. Може ли некој конечно да ги заузда појачалата од минарињата, на пример од Султан Мурат џамија во Скопје кои се намерно свртени кон десниот брег на Вардар претежно населен со христијани што ги вознемируваат пет пати на ден!?

Дали некој се запрашал кому ќе служи големата, или подобро речено скоро мамутска џамија на неколку спратови што е во завршна фаза на изградба во Чаир?

Не сум религиозно оптеретен и не ми пречи ниту една религија (дај Боже секој од нас де верува во Бога), но сметам дека Владата конечно треба да го следи примерот на принцот Бин Салман и неговите реформи и најитно да донесе закони со коишто прецизно ќе се регулираат некои битни аспекти од меѓурелигискиот живот во земјата, во интерес на сите нејзини граѓани!!!

3. Владата најави донесување на нов закон за дипломатијата. Според министерот д-р Тимчо Муцунски целта на тој закон е да се зајакне одговорноста и професионализацијата  во македонската дипломатија. „За жал, недостатокот на знаење кај поранешните амбасадори и генерални конзули ја доведе дипломатијата во состојба да биде најслабата карика на државата”, констатираше Муцунски во најавата за донесувањето на новиот закон. Според Муцунски, кај некои диполомати имало сериозни постапки спротивно на законите и вети дека ќе следи соодветна законска одговорност.

Министерот истакна  и дека има амбасадори кои заборавиле кого претставуваат и дека имаат обврска да го штитат јавниот интерес, што е тенденција која траела подолг период а за што мора да има институционална одговорност. Предложените измени во законот се насочени кон подигнување а квалитетот и професионалноста на дипломатијата, смета тој.

Една од позначајните измени што ги предвидува новиот закон е инсистирање на професионализација во дипломатската служба. Конкретно, наместо принцилот една третина од амбасадорите да бидат кадрови од МНР, а две третини од надвор, како досега, сега се предвидува најмалку половина од амбасадорите да се од куќата, т.е. од МНР, а другата половина луѓе од надвор!

Во однос на изменувањето на амбасадорите, Муцунски посочи дека со измени се зајакнува и учеството на Собранието во овој процес.

„Правиме исчекор и во улогата на Собранието во именувањето на амбасадори, бидејќи тоа е клучна институција, гласот на граѓаните, и треба да го даде својот придонес во овој процес,“ додаде тој.

Согласен сум дека се потребни многу сериозни и одговорни проверки на капацитетот што го нудат кандидатите за амбасадори. Но сметам дека акцентот треба да се стави пред се на квалитетот на кадрите (ако оние од куќата, така и на тие од надвор), а не да се оди на квоти. Прашувам: kако може “професионалец” од куќата на мандат да се преставува како амбасадор на Азербејџан, а Македонија го праќа и плаќа? Или “професионалец” од МНР да си го откупи службеното ауди додека сеуште е на мандат? Вакви и слични проблеми има безброено!!! 

Би го споменал и проблемот со почесните конзули кои дополнително можат да помогнат за промоција на интересите и угледот на Македонија во светот. Како лош пример би го навел односот на минатата влада кон почесните конзули во Австрија.

Владата на Kовчески ги разреши сите почесни конзули, меѓу кои и многу угледна докторка со одлични конеции со врвните политичари во земјата, а место неа именува молер, кој ги одржува просториите во амбасадата. Тажно и недозволиво, навистина!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top