Коментари

2024 година беше година на промени

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На почетокот на мај оваа година ВМРО ДПМНЕ убедливо победи на парламентарните и претседателските избори. Тоа беше историска победа, победа на Македонија, со која се прекина седумгодишното коруптивно, криминално и неспособно владеење на СДС и ДУИ. По формирањето на новата влада, коалицијата ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, предводена од премиерот Христајан Мицкоски започна фуриозно да ги спроведува дел од 1198 проекти.

По седум години владеење на СДС и ДУИ, со новата власт започна забрзана изградба на патишта,  се покачија пензиите, платите во образование и здраството, се започна борба со високата корупција и криминалот.  За само шест месеци се оправдаа очекувањета на народот кој им даде доверба, а признание им дадоа и оние кои на изборите не ни гласаа за нив.

По половина година од од изборот на новата власт, порасна поддршката за владеечката ВМРО ДПМНЕ. Во последната анкета „Маркет вижн“ и „Мкд.мк“, за ВМРО ДПМНЕ би гласале 21.5%, за Вреди 5,5%, за ДУИ 5.4% и за СДС само 3,9%.  Падот на довербата на СДС е драстичен и е резултат на нејзината не само неспособност да се справи со високата корупција и криминалот во земјата, туку што дозволи ДУИ и криминалци да управуваат со државата.

Поранешните челници на власт сметаа дека се недопирливи и додека беа на власт правеа што сакаа. Но, откако новата власт почна да го открива криминалот во РЕК, Лотарија и др., некои почнаа да се закануваат со дестабилизација на земјата, а некои како глувци почнаа  да бегаат од земјата.  Избега „храбриот“ Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и десна рака на Али Ахмети, кој месецов беше ставен со судијата Енвер Беџети на црната листа на САД.  И екс директорот на ЕСМ ја напуштил државата, пред да биде отворен  предметот „Адитив“.    

Исто така, новата власт започна и борба со крининалните групи, кои беа во спрега со одредени кругови од претходната власт. Спроведената акција во Арачиново и околината дадоа сериозни резултати, пронајдени се 14 гранати, ТНТ експлозив, автоматско оружје и други експлозиви, кои беа скриени под земја. Исто така, МВР откри и разби терористичка келија која организирала напади во земјава и регионот.

Новата власт покажа дека неправи компромиси кога е во прашање борбата со корупцијата и криминалот, а ДУИ за да ги заштите одредени членови не прифаќа да биде во опозиција  па постојано се заканува.  Прво најави големи протести, па дестабилизација на земјата наводно заради остранување на балансерот  и преиспитувањето на Законот за употреба на јазиците, а сега на традиционалниот новогодишен прием Али Ахмети вели ДУИ е ураган и дека не сакаат Македонците да бидат аги, Албанците нивни слуги. Според него, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците, истакнувајќи дека не сакаат конфликт.

На челниците на ДУИ им смета реториката Македонија на Македонците.

Неизглед е можеби  несоодветен пример но ќе одговориме како албанскиот премиер Еди Рама по забраната на платформата Тик Ток и реакцијата на кинеската компанија Бејт Денс дека ќе побара  „итно појаснување од албанската влада“. На тоа Еди Рама им порача „во Албанија одлуки донесуваат Албанците а не сопствениците на алгоритамот Тик Ток“. Ако во Албанија, која исто така е мултиетничка одлуки носат Албанците, тогаш и во Македонија одлуки носат Македонците заедно со другите заедници.  

2024 година беше година на промени. Во текот на своето владеење, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ успешно се справуваше со наследените проблеми. Се очекува со ова темпо да се продолжи и во идната година, кога Владата ќе ја чекаат нови предизвици. Со оглед на настаните во светот,  ќе биде потребна и поддршка на опозицијата, која сама треба да се прочисти. Некои треба да заминат во пензија, а некои за извршените дела треба да ги заменат местата со осудените за „27 април“.

Среќна Нова 2025 година   

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top