Коментари

Ламбе Арнаудов: Сите чудовишта на Зоран Заев – гној на македонското општество

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

“Секој организам има свои екстремитети и треба да ги чуваме, но понекогаш тие заболуваат и заради опасноста да го уништат организмот, потребно е да се отстранат за да се спаси истиот.“

– Abraham Lincoln –

Ние сме организмот. Народот е организмот, МАКЕДОНИЈА е организмот.

Токму затоа, најсветиот наш организам МАКЕДОНИЈА е поважен дури и од нашите лични, всушност екстремитетите  како дел од општествениот систем што мора беспрекорно да функционира.

За тоа да се случи ние, поединците, мора целосно духовно и телесно да останеме здрави и како неопходни делови од комплексното функционирање на организмот заеднички, во кој што живееме, работиме, се радуваме, растеме, создаваме и оставаме сетнина, треба максимално да бидеме свесни за нашите високо морални, етички и патриотски и родољубиви вредности, да ги негуваме и ставаме на располагање, за правилно функционирање на нашиот заеднички организам, топол дом за сите, нашата татковина, Македонија.

И, да бидам искрен. Пресреќен сум и верувам во позитивна критична маса што ја гледам кај граѓаните на Република Македонија, заеднички организам за сите луѓе, што демонстрира таква одбранбена моќ и имунитет да го сочува она што го создала и верува во уште подобро.

Организмот, Македонија е несебична и дарежлива, како вистинска грижна мајка, дава шанса на сите свои мили чеда, без протекција и со еднаква стартна позиција за секого.

За жал, често и самата останува запрепастена од предавствата, неблагодарноста и комплетно изневерените очекувања што ги посакувала за возврат , и тоа не за себе туку токму заради самите нив.

Задоволството еруптивно надоаѓа, вербата расте, луѓето сé повеќе се осмелуваат кон повисоки дострели, од стереотипите бегаат сите, среќна иднина ни се насмевнува, не како од Господ предодредена, туку како плод на работата и љубовта кон Македонија, од една исклучително надарена и лојална генерација предводена од Христијан Мицкоски  како Премиер на Влада, посакувана и подржана од секого.

Кога велам од секого, секако мислам на комплетно здравит организам, здравите екстремитети и ткива што заеднички ја сочинуваат нашата препознатлива македонска ДНК.

Нема да набројувам колку и какви чудовишта за овие седум години ни остави Зоран Заев. Ќе ми треба можеби и цела трилогија од Толстој.

А, тука и факторот пристрасност. Затоа, оставам природно-општествените реални процеси во државата, постпешувани од знаењето, умеењето и менаџирањето, сиот гној на ова од нив унесреќено општество, биде отстранет од заболениот организам.

Тоа се случи. Македонија повеќе не е болна. Здрава и бодра како никогаш досега. Спремна на секаков предизвик, незапирлива во решителноста за уште поздрава и позаштитена од чудовиштата со ограничен рок и опстанок.

Олеснителна околност е што чудовиштата се лесно препознатливи и нивните зли намери веднаш може да се неутрализираат, секако ако за тоа има волја.

Имено, главна нивна одлика е што:

Кога сите тагуваат, тие се радуваат.

Кога сите се радуваат, тие завидуваат.

Затоа, сега, кога Македонија се радува, во остатоците од остатокот Зоран Заев проклуча  злобата, гневот, бесот и најмногу зависта, во нивниот самоубиствен поход кон негирање на постигнатото од нив ПОИНАКВИТЕ. Интензитетот на таа омраза е толку голем што е јасно од каде таква жестокост.

Не можете да бидете како НИВ.

Законот за гравитација, многумина мислат дека е само природен закон. Не, тој е закон што важи и во општествениот живот.

Големината на чесноста што владее на радост и среќа на сите во Македонија, ги привлекува кон себе со својата магична гравитација сите честити и добронамерни кон себе.

Останатите, малубројни, тешка периферија, немоќно крајно неконтролирано се прпелка во сопствениот пепел, што го остават духовно горејќи, некои од инат, други од злоба, трети од завист, сите заедно од сé наведеното.

Кибернетиката е наука што објаснува сé. Само треба да ја разбереш.

Процесот на создавање на благородни добра во служба на ЧОВЕКОТ со здрави производи кои заради нивната употребна вредност мора да биде чиста, се ослободува од непотребното: ШКАРТ и ЗГУРА.

А, каде завршуваат тие, на сите ви е познато.

Сепак за некои има надеж.

Со вешта високо научна примена, со сепарација и рециклажа можеби и од тоа нешто може да има корист.

Но, сепак, тие се субпроизвод што единствено може да послужи како гориво.

Таква е судбината на АПОЛОГЕТИТЕ.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top