Коментари

Зошто СДС и ДУИ се толку вознемирени за присуството на Премиерот Мицкоски на инагурацијата на Доналд Трамп?

4741036 copy

             4741036 copy

Присуството на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика реакции од различни групи, во зависност од политичките и идеолошки интереси. Вознемиреноста главно произлегува од можноста овој настан да го зајакне имиџот на Премиерот што би ја ослабнало дополнително нивната и така катастрофална позиција.

Присуството на Премиерот Христијан Мицкоски на овој важен настан беше причина да ја вознемири опозицијата, бидејќи се создава впечаток на силна меѓународна поддршка за актуелната влада и легитимитет на меѓународно ниво. СДС и ДУИ го гледаат ова и како начин Мицкоски уште повеќе да ја засили својата позиција дома и да добие поголема поддршка од клучни меѓународни влијателни партнери како што е САД.

Овој настан за државава е многу значаен, бидејќи покажува дека Македонија сака да одржува добри односи со администрацијата на Трамп, во пресрет на политичките промени кои ќе се случуваат во Европа и светот.

Македонија како членка на НАТО со присуството на Премиерот на инагурацијата ја потврди и владината посветеност на трансатлантските вредности и можност да разговара за безбедносни прашања од заеднички интерес.

Во текот на овие средби било разговарано и за унапредување и продлабочување на билатералната соработка на полето на инвестициите и трговската размена. Исто така се разговарало и за потребата и заложбите за интеграцијата на нашата земја во ЕУ во функција на регионалната стабилност и безбедност.

Разговорите со американски инвеститори или претставници на корпорации за време на вакви настани, може да отворат врати за странски директни инвестиции во Македонија. Овие средби во САД укажуваат дека новата американска администрација дава поддршка на политиката на Мицкоски и застанаа зад партијата која има визија и програми, но и најголема поддршка меѓу народот.

И додека премиерот Христијан Мицкоски со својот тим гради и создава, го зголемува растот на македонската економија, раководството на СДС продолжува со својата деструктивна политика, како да сака да ја врати земјата во времето кога тие беа на власт, и се однесуваа како во нив да нема ништо македонско.

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на ил­јад­ни­ци кои се бо­ре­ле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот за Ма­ке­до­ни­ја, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те по­ко­ле­ни­ја. Пар­ти­и­те се фор­ми­ра­ат да ра­бо­та­ат во ин­те­рес за Ма­ке­до­ни­ја. Кој се на­фа­тил да во­ди по­ли­ти­ка, се­ко­гаш тре­ба на пр­во ме­сто да го гле­да ин­те­ре­сот на гра­ѓа­ни­те и Ма­ке­до­ни­ја.

Мицкоски направи Македонија повторно да биде горда, како што ветуваше за време на предизборната кампања пред неколку месеци.  

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top