Коментари

СДС треба да земе пример од покајанието на стариот Петко од 3 септември 1935

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

                          310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Ја разбирам нервозата во СДС фатени во криминали и со извршени предавства па сега мора да се занимаваат со лаги и измислици, и да кажуваат работи кои не се кажани.

Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 30 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет.

Во игрите на нашите соседи СДС ја направи истата грешка како стариот Петко од Воден, влетаа како мува без глава без да се свесни за последиците по македонскиот народ и држава.

Покајанието на Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина.

Никогаш не е доцна.

Писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција.

Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“, Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише:

„Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело”, орган на ВМРО (Обединета). Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година.

Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол, терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца.

Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема Свекрвагрешка! Сега разбирам што сторив.

Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат. Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“.

Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна вера“.

Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина.

Да останеме обединети, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!!

Вечна да е Македонија!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top