Коментари

Ламбе Арнаудов: Кој е посилен? МАКЕДОНСКАТА КАУЗА или благородните метали

lambe-arnaudov

                                            1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

“Водата и трговијата секогаш си го наоѓаат својот пат.“

“Каузата секогаш те носи на патот на слободата и праведноста.“

После неколку настапи, говори, настани актуелни, исполнети со крајно драматични оценки и коментари за глобалниот изменет изглед на светскиот поредок, нов подобар, посигурен и побезбеден, се надеваме сите, особено најмногу ние онеправдените кои го сочинуваме мнозинството, полека спласнува и влегува во време на нормалност и според очекуваниот редослед.      

Кулминацијата што беше достигната од пред неколку денови, ме потсети на драматичните и апокалиптични 13 дена на кубанската криза.              

Само благодарение на разумот што во последен момент проработи беше избегната нуклеарна војна помеѓу САД и СССР што ќе значеше можеби и крај на човештвото.              

Благодариме за РАЗУМОТ ние луѓето, но причините што го “разгореа“ разумот беа сосема други и далеку од искажаната голема грижа за тогашните светски џандари, набилдани со голем број на нуклеарни глави, што ќе се случи со човештвото, ако едните беа сигурни во победа.              

Сега нешто, фала му на Бога, далеку од тогашните мрачни случувања и очекувања, повторно се врти во главите на големите.              

Оружјето е сосема друго, воопшто не толку опасно по живот, но сепак, сега ќе имаме победник или победници, и како и секогаш на другата страна, поразени.              

Оние кои што се конфронтирани меѓу себе, а истовремено во една секунда имаат меѓусебна размена на стоки, пари и недвижности повеќе од износот на годишниот буџет на многу држави во светот, ќе најдат “НАМЕТНАТО“ меѓусебно “решение“.              

Потребите на населението во светот секој ден еруптивно растат, нафтата, гасот, литиумот, благородните метали се РАЗУМОТ што ќе ги скрати сите исценирани недоразбирања, а нам невидливите за нив ни останува нашата борба, нашата кауза, нашата верба.              

Од тука, да бидам искрен, помалку ми пречи пренагласената и глорифицирана заинтересираност кај светот за упатените критики кон Европа, што за мене се апсолутно прифатливи и добредојдени, што влеваат делумно појасно изразен оптимизам за поправеден и побезбеден свет.              

Радува кога “РАЗУМНИОТ ТОПУЗ“ удри по главите на аздисаните, кои изгубиле секаква мерка и грижа за другите освен за себе.              

Му се може на силните и добро е што овој пат застанаа и зад другите сожители, комшии и сограѓани на најразличитиот и најголем единствен град што се вика СВЕТ.              

Сега доаѓам според мене до најсуштественото.              

Се прашувам себе си и вас. Што мислите? Кој прекор има поголема тежина? Од потпретседателот на САД кој зад себе има сé што има и повеќе од што знаеме или храброста, енергичноста, смиреноста и знаењето со кои Премиерот Христијан Мицкоски ја поткачи Европа.              

Зборувам за генерален впечаток што ги исполнува нашите души и срца да опстоиме и покажеме исконска истрајност во вистинските вредности на нашата вечна праведна КАУЗА.

Што е најважно, третирајќи ја нашата несреќна судбина управувана од други воглавном непријатели, застана во одбрана на сите онеправдани народи, овде на Балканот, Европа и светот, професорски им објасни дека МАКЕДОНИЈА и припаѓа и на Европа и на светот, а не само на нас МАКЕДОНЦИТЕ, дека сé што имаме посебно го даруваме на општото, и за возврат ништо не бараме повеќе од она што ни припаѓа.

А, имаме што да побараме. Има што е наше, а откинато од нашето благородно ткиво.

Ќе се радуваме и дома и таму каде што се нашите со подеднаква љубов и страст и ако е тоа жртвата да го достигнеме човечкото, еве нека е.

 Но и тоа им е малу. За жал сакаат уште, уште и уште. Ненаситни се како НОРОВИТЕ птици кои цел ден таманат јадат и пак се гладни.

Затоа се најгрдите и најнепосакуваните птици во Охридското Езеро.

Повеќе НЕ ДАВАМЕ!

МИЗАНТРОПИТЕ кои ја мразат МАКЕДОНИЈА се поразени.

Сé што имаме во нашата татковина е наше, ама заедничко на сите, не е на некого за да се прави газда.

“Ќотекот“ што го изеде Европа, а не е од нас е како да си гледал бокс меч на телевизија, или како да гледаш зима од топла соба низ прозор без да го почувствуваш студенилото.

Милоста, човекољубието, вербата, самоувереноста и чистиот разум што ги демонстрираше Христијан ги разоружи и ги тресна на плеќи и најзакоравените самобендисани Голијати кои се ситни души, а растат под кровот, најчесто покрај затскриени од големите браќа.

Затоа во вечната борба помеѓу од една страна, златото, дијамантите, моќта, и од другата КАУЗАТА, победникот однапред се знае. Само не се знае кога ама КАУЗАТА победува. 

Ние сме ВМРО-ДПМНЕ! Модерна демократска партија по статут, програма и платформа.

Но, нашата сила произлегува од вековното крвно сродство меѓу нас и македонскиот народ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top