Коментари

Придобивки од владеењето на СДС и ДУИ

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

                    310701 copy

СДС и ДУИ водеа неколку предизборни кампањи во кои ветуваа големи проекти и реформи, меѓутоа, реалноста покажа дека најголемиот дел од тие ветувања останаа само празни зборови.

Дел од неисполнетите ветувања и нивните последици:

Ветуваа: Минимална плата од 500 евра и просечна плата од 1.000 евра.

Резултат: Минималната плата  за време на нивното владеење стигна на околу 20.000 денари, но инфлацијата целосно го поништи ефектот. Просечната плата никогаш не достигна 1.000 евра.

Ветуваа: Пониски даноци и поевтин живот.

Резултат: Наместо намалување, даноците за некои категории се зголемија, а животните трошоци драматично пораснаа.

Ветуваа: Борба против корупцијата и криминалот.

Резултат: Македонија тонеше во корупција. Според меѓународни извештаи, корупцијата беше на рекордно високо ниво, а правдата останува селективна.

Ветуваа: Членство во ЕУ до 2024 година, без уставни промени и без откажување од македонскиот идентитет.

Резултат: Македонија не само што не е членка на ЕУ, туку се соочи со Преспанскиот договор (2018), со кој беше променето уставното име на државата.

Дополнително, Бугарскиот договор (2017) доведе до историски и културни отстапки кон Бугарија, кои подоцна станаа пречка за евроинтеграциите.

Ветуваа: Брза изградба на автопатите Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, Штип-Радовиш, нов Клинички центар во Скопје, реконструкција на железничката мрежа и нови инвестиции.

Резултат: Автопатот Кичево-Охрид. Скопје-Блаце, сè уште не завршени. Новиот Клинички центар остана само на хартија. Железничката мрежа беше во катастрофална состојба, а реализирани инвестиции може да се избројат на прсти.

Ветуваа: Запирање на иселувањето на младите со подобри услови за работа. Бесплатни учебници и квалитетно образование.

Резултат: Иселувањето не само што не е намалено, туку е рекордно високо. Образовниот систем го доведоа во хаос – од проблеми со учебници, до недостиг на наставен кадар.

Ветуваа: Намалување на цените на струјата и стабилен енергетски систем. Подобрување на квалитетот на воздухот во градовите.

Резултат: Цената на струјата значително се зголеми. Македонија стана зависна од увоз на скапа струја, бидејќи нема доволно домашно производство. Загадувањето останува огромен проблем, без реални мерки за негово намалување.

„Придобивки“ од владеењето на СДС и ДУИ:

-Државниот долг надмина 60% од БДП, што ја влоши финансиската стабилност,

-Инфлација и драстично зголемени цени, граѓаните плаќаат повеќе за основните трошоци за живот,

-Странските инвестиции стагнираа, а некои компании ја напуштија земјата,

-Македонија стана центар за нарко-картели и криминални групи, а бизнисмените беа мета на изнуди,

-Правосудството суште е политички контролирано, а поранешните високи функционери не сносат одговорност за корупциски скандали,

-Според пописот од 2021 година, Македонија има значително помалку жители. Илјадници млади луѓе ја напуштија земјата, не само поради ниски плати, туку и поради несигурност и корупцијата,

-Состојбата на хирургија, онкологија, токсикологија, модуларни болници, пеплосани луѓе, автобуси, вакцини, навигација на авиони,

Да не се заборават изјавите:

Заев:

„го донеле Заев да го смени името, ајде мајката“.

Пендаровски:

“Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името.”.

Пендаровски и Заев беа поддржани од УСАИД, СОРОС и имаат леволиберален поглед кон светот, заради тоа не треба да не чуди и денес кога продолжуваат да тресат глупости.

Времето на лаги и манипулации завршува, вистината секогаш излегува на виделина! Македонскиот народ е мудар и знае да направи разлика меѓу зборови и дела.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top