Коментари

ДОСТА БЕШЕ, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

1Dzepovski1

Dzepovski copy

Александар Македонски Џеповски

Во Кочани се прелеа чашата – сите црвени линии се преминаа.Се’ собираше, се’ трпеше, но веќе им дојде преку глава на сите. Десет пати на ден луѓето го чувствуваат неправедниот товар на системот создаден од СДС и ДУИ. Комуњарскиот менталитет на игнорирање и надменост сега доби црвен картон-засекогаш!

Живееја со мито и корупција! За пуста власт, пари и ден подолго на власт, СДС му служеа на ДУИ, продаваа сè што беше Македонско, за да добијат екстра паричка од мазохистичката проституција.

Делеле лиценци, дозволи за градби, тендери, канцерогени мазути… Сето тоа беше само чад од пиперките што ја покрива реалноста – корупција до срж!

И така, криминалци, неписмени и природно неспособни индивидуи станаа фактори, богаташи и советници. А вистинските столбови на општеството – паметните и способните – беа турнати во беда, немаштија и просење за леб.

ОВА Е МОЖНО САМО ВО МАКЕДОНИЈА! И тоа со поддршка од глобалистите!

Каде го има ова? Во своја земја, невладини организации да одредуваат кој ќе биде власт, судија, обвинител, заштитник на криминалците и промотор на корупцијата?

И ако само прозбориш, веднаш да бидеш запален на клада?!

За уставобранителите – тоа е посебна приказна. Еден ден филмови ќе се снимаат за нив, а некој ќе освои и „Оскар“ за таа трагедија.

БРАЌА МАКЕДОНЦИ, ДОСТА БЕШЕ!

Сите невладини, соросоиди, судии и обвинители поставени од глобалистите, како и неспособните кретени, мора да бидат најстрого казнети – силно и без двоумење!

Ако не се освестиме, ова ќе биде само почеток, ќе следува нешто многу полошо. Македонија веќе го има изгубено компасот.

Наместо вера во Бога, 8-годишното владеење на СДС и ДУИ, на прво место беа: пари, дрога, коцка, проституција, ЛГБТ-пропаганда, убиства, педофилија, мито и корупција,…

Македонија секогаш била силна кога сме заедно. Денес, повеќе од кога било, мора да покажеме дека нашата љубов, човечност и солидарност ќе ги победат и најмрачните моменти.

МОРАМЕ ДА ЈА СПАСИМЕ МАКЕДОНИЈА ОД КАТАСТРОФАТА ШТО ЈА ОСТВАВИЈА СДС и ДУИ!

ДОСТА БЕШЕ! ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

Нека почиваат во мир овие Македонски анѓели!

АМИН!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top