Коментари

Што се случува со сметките за електрична енергија

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Рубинчо Видое Јованоски

Во последниов временски период универзалниот наплатувач на сметките за електрична енергија (ЕВН) со доцнење ги доставува истите до крајните корисници. Па така, домицилното население не по негова вина секој месец плаќа камата која за воља на вистината е мала (од приближно 10 до 50 денари по сметка).

Но, ако се земе во предвид  дека во Македонија има од 700 000 до 1 000 000 електрични броила се доаѓа до добра месечна заработка на име камата на австриската фирма (ЕВН).

Во оваа прилика да анализираме една фактура на сметка за потрошена електрична енергија во денешни услови.

Реална е првата ставка каде е фактуриран надоместокот за потрошена електрична енергија. Исто така, 4-та ставка каде се пресметува 18% ДДВ за потрошена електрична енергија и 5-та ставка која гласи комунална такса за јавно осветлување. Не е коректно од страна на ЕВН да ги фактурира 2-та и 3-та ставка во фактурата за плаќање на електрична енергија односно надоместок за пренос и дистрибуција на електрична енергија и надомест за пристап до електродистрибутивниот систем.

Во оваа прилика како прилепчанец се прашувам дали овие две непотребни ставки можат да се употребат и во режиските трошоци за снабдување и дистрибуција на вода и одведување на сметот од домаќинствата.

Тое ќе биде некоректно и не треба да биде ставено на дневен ред кај прилепските јавно комунални претпријатија за дистрибуција на вода и одведување на отпадот од домаќинствата и полевање на вода на јавни корисни површини.

Сметките за електрична енергија во денешни услови се прават во три временски периоди во тековниот месец и тоа 10-ти, 20-ти и 30-ти.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека до 2004 година во сметките за потрошена електрична енергија на некогашното електростопанство на Македонија немаше 6 (шест) ставки за наплата, а извесен период се наплатуваше и радиодифузна такса. Но, што од сето тоа, кога на тогашната парламентарна говорница сегашната опозиција, а тогашна извршна власт ги убедуваше другите колеги неистомисленици дека со продажба на тогашното ЕСМ ќе тече мед и млеко  и дека тој бизнис е бонбона.

На крај во денешни услови не тече мед и млеко и нема бонбона бизнис него големи (читај) високи месечни сметки за плаќање на електрична енергија.

Авторот е новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top