Коментари

Болката за загубените животи во Кочани е болка за цела Македонија

UV Verni na Organizacijata

                         1uv11 copy

Пожарот во Кочани не е несреќен случај, туку резултат на децении немарност, институционален распад и партизација.

И токму во момент кога системот конечно почнува да покажува знаци на будност, оние кои најмалку имаат кредибилитет, сега поставуваат прашања.

А каде беа тие седум години?

Оние што денес зборуваат за правда, молчеа за Ласкарци. За Беса Транс. За модуларната болница во Тетово. За десетици други трагедии каде единствено „виновни“ беа кабли, шасии и неименувани несреќи. Тогаш немаше ни оставки, ни притвори, ни одговорност. Обвинителството тогаш беше нем сведок, под целосна политичка команда. Да се потсетиме, актуелното обвинителство и судство се дел од истата мрежа од тефтерчињата на Заев и Ахмети.

Таму не се вработуваше по заслуга, туку по партиска подобност. А сега, кога истите судии и обвинители конечно почнуваат да работаат професионално, СДС и ДУИ во паника се обидуваат да ја делегитимира нивната работа.

Кога СДС и ДУИ зборуваат за селективна правда, должни се да одговорат кој беше одговорен за смртта на 14 пациенти во модуларната болница?

Зошто немаше ни една оставка по трагедијата во Бугарија со автобусот на Беса Транс?

Зошто обвинителството тогаш молчеше додека државата тонеше во корупција? Одговорот е јасен, затоа што сè беше под нивна контрола. Контрола што ја користеа не за правда, туку за грабеж.

А денес, кога институциите конечно функционираат, министерот за Внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност се под удар. Луѓе што 24/7, во координација со сите надлежни органи, професионално ја водат истрагата за пожарот во Кочани.

И тоа е проблем за СДС и ДУИ?

Зошто?

Затоа што за првпат вистината излегува на виделина.

Трагедиите во Кочани, Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница во Тетово,… не смее да останат без одговорност. Сите кои со своето несовесно и криминално постапување придонеле за овие ужасни настани, мора да понесат соодветна одговорност, институционална, политичка и морална.

Трагедиите во Кочани, Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница во Тетово не смее да останат без одговорност. Одговорност мора да има!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top