Коментари

Александар Македонски Џеповски: Дојде време кога маските паѓаат

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy

Она што со години го зборувавме јавно или шепотејќи, денес станува очигледно. Дека не беше љубов. Дека не беа вредности. Дека целото тоа западно „братство“ беше бизнис план, добро спакуван во зборови како „демократија“, „слобода“ и „човекови права“. И дека целата таа машинерија, предводена од Лондон, Брисел и Берлин, со поддршка од еден дел на Вашингтон, гледаше на Македонија како на парче земја со ресурси, а не како на народ со душа.

Но не сите на Запад се исти. Не е исто глобалистичката елита со отворени димови и затворени срца, и обичниот американски граѓанин кој се бори за своето семејство, за верата и за вистината. Постои една Америка која не ја гледате на CNN, Америка на Тексас, на Флорида, на Охајо. Америка што се моли на Бога и верува дека секој народ има право да биде свој на своето. Таа Америка е нашиот природен пријател.

Таа Америка денес вели доста е! Доста е со војни за ресурси. Доста е со корумпирани амбасадори и невладини што шират срам, раздор и идеологии туѓи на секоја традиција. Доста е со Сорос и неговите платеници. Доста е со балкански проекти што завршуваат во швајцарски сметки.

Сакаа да не’ убедат дека сме мали и безначајни. А вистината е сосема поинаква. Македонија е мала по територија, но богата со благослов.

Под Алшар има минерали што го интересираат цел свет. Под Битола има нафта која може да биде стратешка резерва за следните сто години. Имаме вода, злато, стратегиска позиција, и најважното имаме вера, совест и срце.

И што прават тие елити? Ни праќаат амбасадори што се мешаат во избори, што поставуваат премиери и рушат влади. Ни носат невладини што го трујат образованието и медиумите. Ни кажуваат како да се викаме, како да се чувствуваме, кој да ни биде пријател, а кој непријател. Но ние веќе не сме глуви и не сме слепи.

Знаеме кој е вистинскиот пријател. И ако Америка таа вистинската, храбрата Америка сака сојузник кој не се поклонува на диктат, туку стои исправено еве нè! Македонија е тука. И Ние сме против глобалистите што ја срамат Америка.

Нам ни требаат пријатели со карактер. Нам ни треба вистина. Нам ни треба Бог. Сè друго е илузија.

Амин.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top