Коментари

Власта почна да го одмотува клопчето на криминалното судство

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski copy

Со промената на извршната власт во нашата мила и низ векови напатена држава Република Македонија на чело со ВМРО ДПМНЕ и премиерот, проф. Д-р Христијан Мицкоски, заедно со коалиционите партнери, почна чекор по чекор да ги средува сите накалемени проблеми од претходната владина гарнитура а сегашна опозиција СДСМ во сите сфери од општественото живеење во финансиски опустошената држава.

Во оваа прилика само да нагласиме дека сегашната опозиција на чело со СДСМ 7 години беше на власт и во секоја прилика најавуваше ветинг во судството. Но, за жал, тоа не го направи, напротив, следствено на тоа замижуваше за некои незаконски донесени судски одлуки.

Еклатантен пример се судските ослуки донесени за крвавиот 27 април каде со член од кривичниот законик  за злосторничко здружување и нарушување на уставниот поредок на државата беа осудени неколку лица со високи затворски казни.

Иронијата да биде поголема со потпишување на преспанската спогодба за промена на името, тогашната владеачка гарнитура немаше доволен број на пратеници за да тоа решение од Преспа помине во законодавниот дом.

Па без консултации на судската и јавнообвинителската фела обезбеди доволен број на пратеници (вкупно осум), за да гласаат за промена на името. Следствено на тоа тие личности добија големи привилегии и сигурно добро го набилдаа своето финансиско салдо и сега се слободни граѓани. Па така, неколку години наназад судството од повеќето странски правни експерти е оценто со оценка, доволен 2.

Па така, кога премиерот Мицкоски одлучи да стави ред во судската фела беше фатен на дело судија како прима мито на лице место судскиот кривичен совет се крена на нозе кога извршната власт побара интерпелација на членови избрани во законодавниот дом од претходната владина гарнитура од една страна а државното јавно обвинителство се разбуди од зимскиот сон со барање на оставка на државниот јавен обвинител Љубомир Коцески.

На крајот се прашувам како судските власти ги пуштија од раце личностите осудени за криминал Груби и Ковачевски? Како за рок од 5 минути Мијалков и Камчев извадија лични карти од друг град само да ја одлежат казната во отворениот дел на затворот во Струга? Како на предизвикувачот на сообраќаен прекршок со смртни последици, а со минати кривични дела против него, наместо затворска казна е испратен во казнено поправен дом? До каде е случајот со убиствата на Вања и Панчо? До каде е јавнообвинителскиот акт против вработени на онкологија?

И на крајот се прашувам зошто не е определена притворска мерка за инволвираните во случајот Шутка?

Клопчето почна да се одмотува но ќе видиме до каде ќе стигне да се одмота.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и поранешен одбојкарски судија

Од Прилеп

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top