Коментари

Девет месеци надеж, работа и пресврт по цели седум години понижување

UV Verni na Organizacijata

1uv11 copy copy

Како Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, чувари на идеалите на македонската државност и борци за правда, чест и иднина, чувствуваме одговорност да ја кажеме вистината, јасно и гласно.

СЕДУМ ГОДИНИ ВЛАДЕЕЊЕ НА СДС И ДУИ, СЕДУМ ГОДИНИ ГРАБЕЖ И ПРЕДАВСТВА

Македонија во изминатите седум години беше претворена во приватна фирма на неколку олигарси, Економијата тонееше, јавниот долг надмина 60% од БДП, капиталните инвестиции останаа само на хартија, а народот преживуваше со минимални плати и рекордна инфлација.

Здравствениот систем колабираше, Болници гореа, доктори масовно заминуваа, а пациентите чекаа за најосновна здравствена заштита.

Образованието стана поле за политички експерименти.

Учебници беа ветени, но никогаш не стигнаа до учениците.

Националната срамота кулминираше со промената на името, откажувањето од историјата, молчење пред бугарските барања.

Македонија беше газена, а раководствата на СДС и ДУИ молчеа, се поклонуваа и ја плачкаа Македонија.

ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕМЕ НА ОБНОВА

Од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, Македонија започна да дише. Се стабилизира буџетот, започнаа нови инвестиции, а капиталните проекти конечно почнаа да се реализираат.

Македонија денес стои исправено.

Не прифаќаме уставни измени под диктат.

Не се откажуваме од идентитетот.

Имаме достоинство, имаме славна-Библијска држава што мора да се брани.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ПОЛИТИЧАР ОД ЗБОР

Во политиката, времето е најсилниот сојузник или најголем непријател. Христијан Мицкоски тоа најдобро го покажа.

Од преземањето на ВМРО-ДПМНЕ, соочен со скепса и притисоци, до денес како премиер на Република Македонија изоди долг но достоинствен пат.

Ја презеде партијата во момент на пад, ја обедини, внесе нова енергија но и визија. Во време на капитулантската власт, беше гласот на отпорот. Но не застануваше само на критика, градел програми, идеи и тимови.

ОДНОСОТ СО ВЕТЕРАНИТЕ ПРИМЕР ЗА ПРИНЦИПИЕЛНОСТ

Христијан Мицкоски не е само политичар тој е човекот кој ја води битката за правда, ред и чест. Особено кон тие што најмногу дале за Македонија, Ветераните.

Она што ние, ветераните, го препознавме во него е почитта не декларативна, туку суштинска. За разлика од други што не’ гледаа како симболика пред избори, Мицкоски не’ третира како темелот врз кој е изградено ВМРО-ДПМНЕ.

Ние му ја дадовме довербата затоа што препознавме лидер кој нема да тргува со партијата, со државата, со вредностите. А тој ни возврати со внимание, дијалог и јасна определба, нема ВМРО-ДПМНЕ без нејзините борци, Основачите, Ветераните.

Во време кога народот беше разочаран и предаден безброј пати, се појави лидер што не продава илузии туку работи, се бори и стои зад зборот.

Христијан Мицкоски е човек кој не ги употребува зборовите како шминка, туку како обврска. И токму затоа Ветераните му веруваат, не затоа што се наивни, туку затоа што очајнички им треба некој кој ќе ја воведе правдата во оваа неправедна држава.

Затоа Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ, затоа просперитетна Македонија.

Македонија повторно горда!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top