Коментари

Македонците од Егејска Македонија не се само сведоци на минатото, туку столб на нашиот национален опстанок

701 copy

701 copy copy

Кога се зборува за темелите на македонската државност, за борбите за национална слобода и за зачувувањето на идентитетот, често се заборава една тивка но огромна сила, Македонците од Егејска Македонија.

Тие не се само бегалци од една изгубена војна. Тие се жив доказ дека македонскиот народ, каде и да е, никогаш не престанува да се бори.

Егејот не е само географска одредница. Тој е лулка на херои, лулка на дух што не се поклонува. Таму, во Леринско, Воденско, Костурско,… се раѓаа востанија, се бореше со срце за слобода, се пееше и денес се пее на Македонски.

Македонците од Егејот први станаа на нозе и во Илинденското востание, и во НОБ, и во Граѓанската војна во Грција. Додека многумина молчеа, тие земаа пушка. Додека светот вртеше глава, тие плаќаа со егзил, со крв, со тишина.

Денес многумина од нив живеат во Македонија, во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Гостивар, Тетово,… тие се нашите роднини, наставници, лекари, занаетчии, Тие ја градеа оваа држава.

И ако денес се зборува за македонскиот идентитет како нешто подложно на преговори, нека се погледне во очите на Македонецот од Егејот. Таму нема двоумење, таму има болка, но и јасно „ние сме тоа што сме“. Нема потреба од докажување, нивниот живот е доказ.

Културниот придонес на Македонците од Егејот е неизмерлив. Донесоа песни, носии, дијалекти, обичаи што денес ги учиме како „традиционални“. А се сеќава ли некој на нивната борба за право на мајчин јазик? За правото да бидеш тоа што си во сопствениот дом?

И денес, иако официјално „не постојат“ во Грција, Македонците во Егејска Македонија постојат. Тие се гласот што не замолчува. Гласот на оние што немаат ни гроб на дедовината, но ја носат со себе како света обврска. Гласот на народот што претрпе историска неправда, но не ја предаде вистината.

Македонија има морална и историска обврска. Да се обезбедат посебни програми за заштита и афирмација на нивното културно наследство. Да се отворат музеи, истражувачки центри и јавни простори посветени на нивната историја.

Да се институционализира 20 август, Денот на егзодусот како државен ден за сеќавање.

Без Егејот Македонија не е цела!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top