Коментари

Македонија ќе победи ако корупцијата биде поразена

701 copy

701 copy copy copy

Народот има право на држава без корупција!

Корупцијата не е само зло кое краде пари. Таа е канцер што ја разјадува секоја пора од општеството од администрацијата, преку судството, до здравството и образованието. Таа ги укинува можностите за чесните, ги демотивира способните и ја наградува сервилноста и подмитливоста. Во таков систем, младиот човек не гледа перспектива, бидејќи знае дека успехот не зависи од трудот, туку од врските.

Во последната деценија, корупцијата доби конкретни имиња и презимиња, владата на СДС и ДУИ. Додека зборуваа за “правда”, зад завесата грабаа сè што можат. Случајот „Рекет“ ја разоткри мрежата на влијание меѓу обвинители и политички врв, но никогаш не допре до главните мозоци.

Зоран Заев, кој дојде на власт со ветувања за борба против криминалот, ја претвори Владата во фамилијарен проект. Бизнисите на неговиот брат, Вице Заев, цветаа токму додека државата назадуваше на секое поле.

Од откуп на марихуана, до зделки со енергетика и градежни проекти, Вице добиваше државна поддршка и работеше без конкуренција. Народот со право прашуваше: кој е вистинскиот премиер?

ДУИ, пак, во сенка и тишина, го презеде државниот апарат. Круна на таа заробена држава е Артан Груби политичар со безгранична моќ, но без отчетност. Неговиот потпис стои зад милионски тендери, сомнителни јавни набавки и скандалозни проекти.

Посебна улога во заштитата на стариот систем има и Венко Филипче. Наместо одговорност за милионските скандали во здравството, тој денес е претседател на СДС и тоа не случајно. Со таа функција, неговата задача е јасна: да го штити криминалот на Заеви и да ја обезбеди нивната недопирливост, и во партијата и пред законот.

Но тоа време завршува. Македонија денес има шанса за пресврт.

Денес, сме сведоци на почетокот на една вистинска, длабока и бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Започна процесот на расчистување на најтемните агли на државата таму каде со децении се собирале тајни, афери, тендери, лажни дипломи и криење одговорност.

Нема веќе заштитени! Без оглед на функцијата, партиската книшка или моќта, секој што сторил криминал ќе одговара. Не за да се задоволи јавноста со спектакл, туку затоа што тоа е основата на правната држава. Македонија не смее повеќе да биде земја на неприкосновени. Законот мора да важи за сите.

Ова не е борба на една Влада ова е борба на целата нација. Граѓаните, институциите, медиумите и граѓанскиот сектор сите имаме обврска да не молчиме, да поддржиме и да се бориме. Зашто само така ќе ја изградиме државата што ја заслужуваме праведна, чесна и слободна Македонија.

Да ја поддржиме оваа битка, затоа што е за нас. За нашите деца. За Македонија.

Затоа Премиерот Мицкоски повика: секој граѓанин да биде дел од оваа борба. Да не молчиме, да не прифаќаме, да не се помируваме со неправдата. Да ги охрабриме новите власти да одат до крај, без калкулации.

Македонија ќе победи ако корупцијата биде поразена.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top