Коментари

ИСТОРИСКИ СВЕДОШТВА ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС И НА ЈОВАН КРСТИТЕЛ

1dons

1dons copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар ДОНСКИ

Во времето на комунизмот кога атеизмот беше дел од владеачката идеологија, во СССР во времето на Сталин нашироко се промовирало и пропагирало дека наводно „немало историски докази за постоењето на Исус Христос“. Во тој период репресијата против религијата посебно  земала голем замав, a врв на ова било варварското уништување на големата катедрала посветена на Исус Спасителот во Москва која била срушена со динамит во 1931 година.

Што се однесува до Исус, атеистичките небулози  за неговото наводно „непостоење“ се повикувале на тоа дека наводно за неговото постоење немало ниту еден друг извор освен Новиот Завет кој бил пишуван од неговите следбеници.  Меѓутоа вистината е сосема понаква. За постоењето на Исус постои и вонбиблиско сведоштво и тоа уште од првиот век по Христа. Се работи за сведоштвото на најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј, кој иако бил фарисеј и не бил никаков христијанин, во своите историски дела не можел да го од­бегне постоењето и дејству­вањето на Исус во неговата земја.

Флавиј (кој се родил во Ерусалим во 37 година по Христа, т.е. само неколку години по распнувањето на Исус), не само што го забележал постоењето и дејст­ву­ва­њето на Исус Христос, туку и јасно ставил до  знаење дека Исус не бил обичен чо­век! Флавиј дури го спомнал и воскрес­нувањето на Исус, а  спомнал и дека за време на своето дејствување повел по себе “многу Евреи и многу пагани”. Еве како најпоз­натиот еврејски историчар од тоа време Јосиф Флавиј го опи­шал Исус Христос:

“Во тоа време се појави Исус, мудар човек, до колку и навистина можеме да го наречеме човек; тој правеше прекрасни нешта, учител на луѓето кои ја примаа вистината со задоволство. Тој привлече кон себе   многу Евреи и многу пагани. Тој беше Христос. А, кога Пилат, по сугестија на нашите  угледни луѓе го распна на крст, оние што го сакаа не се откажаа од него, затоа што им се појавил жив на третиот ден како што најавија Божјите  пророци, заедно со уште десет илјади прекрасни нешта поврзани со него. И  групата христијани, кои го добија името по него, до денес постојат.“ (Josephus Flavius: “Jewish Antiquites” XVIII,3,3).

Јосиф Флавиј ова го напишал во првиот век по Христа. Воедно тој оставил вредни историски сведоштва и за дејству­вањето на свети Јован Крстител. Кога пишува за поразот на војската на вазалниот (кон Римјаните) еврејски крал Херод Антипа од Арапите, Флавиј пишу­ва:

“Некои Евреи сметаа дека поразот на Херодовата војска дојде како казна од Господ, поради тоа што му го направи на Јован, кого го викаа Крстител. Херод го отепа него, иако тој беше добар човек и им збору­ваше на Евреите да бидат чесни и праведни еден кон друг, како и да пока­жуваат почит кон Бога, така што ќе бидат крстени… Кога луѓето масовно почнаа да одат кај него за да ги слушаат неговите зборови, Херод се уплаши дека големото влија­ние што Јован го имаше кај народот, би можело да биде иско­ристено од негова страна за кревање востание, бидејќи изгледаше дека луѓето се подготвени да направат сѐ што ќе им кажеше Јован. Поради тоа Херод помисли дека е најдобро ако го погуби за да ги  спречи немирите што тој можеше да ги предизвика, а и за да не се кае подоцна до колку се доведе себеси во непријатности преку конфрон­тирањето со него. Така, поради сомневањето на Херод, Јо­ван беше испратен во затворот во Махер, што претходно го спомнав и таму беше погубен. Сега Евреите сметаа дека поразот на војската на Херод  беше казна поради незадоволството на Бог. (Jewish Antiquites XVIII, 5,2)

И ова сведоштво (исто така објавено во првиот век по Христа) има посебна тежина, затоа што е дадено од нехрис­ти­јан­ски извор. Флавиј, не само што не бил христијанин, туку тој припаѓал на еврејската фарисејска секта, која тогаш била спротив­ставена на хрис­тија­ните. Затоа неговите сведоштва за пос­тое­њето на Исус и на свети Јован Крстител имаат огромно значење.

Да го спомнеме и тоа дека Исус, не само што е спомнат во Библијата, туку тој (под мето Иса) е спомнат десетици пати и во исламската света книга Куран како еден од најголемите пророци на Бог (Алах) поради што  денес муслиманите имаат голема почит кон него.

Кога сме кај Јосиф Флавиј, тој оставил исклучително вредни сведоштва и за животот на големата колонија Македонци која живеела во Светата земја, притоа јасно издвојувајќи ги Македонците како посебен народ во однос на Грците. Македонците (целосно или делумно) владееле  со Светата земја почнувајќи од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па сѐ до нејзината окупација од страна на Римјаните. Во тој период во Светата земја (со која владеела македонската династија Селевкиди) се доселила огромна колонија Македонци, кои таму основале свои градови или на постоечките еврејски градови им ставале македонски имиња, па не случајно дури и во Исусово време во Светата земја постоеле градови со чисти античко-македонски имиња како што се: Макед, Дион, Пела и други (што впрочем може да се види на секоја сериозна мапа од Светата земја поврзана со тоа време).Флавиј пишува дека Македонците и Евреите долго време живееле во соживот во државата на  македонската династија Селевкиди, сѐ додека на чело на оваа династија не дошол Антиох Четврти кој ја забранил еврејската вера и сосила сакал да им ја  наметне балканската паганска религија. Поради тоа Евреите кренале востание против Македонците (тоа е познатото востание на Макевеите, кои биле големо семејство) кое на крајот завршило со создавање независна еврејска држава.

Кога пишува за воста­нието на Евреите против Селевкидите Јосиф Флавиј, сосема јасно пишува дека Евреите всушност се бореле за своја слобода против ропството што им било наметнато од – Македонците! Кога пишува за смртта на еврејскиот водач Јуда Макавеј, Флавиј вели:

“Јуда… остави зад себе голем углед  и спомен, борејќи се за слободата на својот народ и избавувајќи го од ропството под Македонците. (Jewish Antiquites XVIII, 11,2).

Во врска со успесите на Јуда Макавеј против Македонците Селевкиди, Јосиф Флавиј пишува:

“Еврејскиот народ ја обнови својата слобода откако претходно беше под ропство на Македонците… Но, не беа малку оние (Евреи, з.м.), кои поради основните потреби и поради тоа што не можеа да се носат со мизерувањето и со гладот што им надвиснаа над глава, избегаа од својата земја и појдоа кај Македонците. (Jewish Antiquites XVIII, 1,1).

Нема сомнение дека потомците на доселените Македонци во Светата земја живееле таму и во Исусово време, но за сето ова ќе пишуваме во  некоја следна прилика, а повеќе детали можат да се сретнат во книгата „Исус Христос и Македонците“ (чие трето издание е во издание на МПЦ) и во истоимениот документарен филм на Јутуб од авторот на овој текст.

11145

Најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј (роден во Ерусалим во 37 година, а починал во Рим  околу 100 година)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top