Коментари

Грчката колонизација на Егејска Македонија (1912–1953) (Втор дел)

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy

Сведоштва, бегалство и тишината на забранетиот дом.

Историјата не живее само во учебниците таа живее во спомените на нашите баби и дедовци, во тишината на старите фотографии, во клучот што сè уште виси во куќата на егзилот, клуч од врата што веќе не постои. Секое бегалско семејство од Егејот носи приказна што се пренесува шепотејќи, како молитва, од генерација на генерација.

3456

„Го зедовме само тоа што можевме да носиме“, сведоштво на баба Вера од село Желево, Леринско: „Ноќта кога војниците дојдоа, мајка ми ми ги врза обувките и ми рече: Слушај ме добро, Вера. Ова нема да трае вечно. Ќе се вратиме. Го зедовме само тоа што можевме да го носиме, една крпа со леб, и иконата од свети Никола. Ги оставивме нивјето, лозјето, куќата што дедо ми ја градел со свои раце. До денес, таа куќа не ја видов повторно…“

Има илјадници такви приказни, од Воден до Костур, од Невеска до Кукуш. Протерани преку границата во Македонија, Бугарија, Србија, Чешка, Полска, Романија,… и понатаму тие станаа народ без држава, но со несоборлив идентитет.

„Во училиште не смеев да зборувам“, спомените на дедо Петре од село Оровник, Егејска Македонија: „Секој пат кога ќе кажев нешто на македонски, наставникот ме удираше по прстите со стап. “Овде не се зборува варварски“ велеше. А дома, мајка ми ми шепотеше на уво: “Немој да заборавиш чиј си“. Па кога ќе заспиев, ја сонував песната “Болен ми лежи Кара Мустафа“ иако никој не смееше да ја пее.“

„Децата бегалци“ украдена младост, затворена иднина.

Над 28.000 македонски деца за време на Граѓанската војна беа насила однесени надвор од Грција. Оваа акција, позната како „екзодусот на децата“, го разнесе македонскиот народ низ целиот свет. Многу од нив никогаш не се вратија. Ниту кај родителите, ниту во домовите од кои беа одведени.

Денес живеат во Австралија, Канада, Европа. Носат презимиња што не ги познаваат, но во срцето го носат Воден, Костур, Лерин… како тивок завет дека ќе се вратат.

„Кога стигнавме во Битола, сите плачевме“

Некои од бегалците успеале да најдат прибежиште во Вардарска Македонија. Но тоа не значеше крај на болката. Наместо добредојде понекогаш добивале сомнеж, страв, или молк.

„Кога стигнавме во Битола, сите плачевме, не само поради тоа што го изгубивме, туку и поради тоа што видовме дека дури и овде, никој не сака да слуша за нашата болка. Бевме како духови со идентитет што сите сакаа да го заборават.“

Денес, многу села во Егејска Македонија се напуштени, запустени или населени со грчки доселеници. Но имињата и вистината сè уште живеат. Македонската историја во Егејот не може да се избрише со декрет, закон или сила. Таа живее во народот, во песните, во гените.

Ниту еден народ не треба да се срами што сака да се врати дома. Македонците од Егејска Македонија никогаш не престанаа да се надеваат, не на одмазда, туку на право на постоење, на признавање, на човечка правда.

Наша должност е да ја чуваме нивната вистина, да ја раскажуваме нивната болка, да ја бараме нивната правда.

Без вистината нема достоинство, бидејќи без Егејот нема целост!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top