Коментари

Македонија повторно ќе стане Гордост на Балканот!

UV Verni na Organizacijata

1uv11 copy copy copy

Македонија нема повеќе време за чекање, ниту трпение за криминалци, предавници и слуги на странски интереси! Пораката што ја испрати неодамна ЦК на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, гласна и ќе одекнува низ секоја педа од македонската земја: или Македонија ќе победи, или ќе ја снема! Но, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи второто да се случи!

Во каква состојба ја оставија државата СДС и ДУИ? Обесчестена, Ограбена, Продадена, Името го продадоа, Идентитетот го предадоа, Историјата ја бришеа, а душата на Македонија ја обезличија за шака пари и неколку минути власт. Им ја распродадоа иднината на младите, ги протераа по светот во потрага по достоинство што овде беше уништено.

Централниот Комитет постави јасен повик на отпор. Оваа борба не е политичка, ова е борба за правдата на родителите што ги загубија децата поради трагедии создадени од криминалната негрижа. Ова е борба за секој понижен земјоделец, обесправен работник и заборавен студент. За секој македонски дом што се растури под тежината на неправдата. За секоја генерација што беше присилена да бара леб под туѓо небо.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалот и нема да простува кога станува збор за Македонија!

Одлуката е донесена, ќе ја вратиме правдата! Ќе ја измиеме државата од секој корумпиран траг! Ќе ја кренеме Македонија исправена, горда и силна пред светот! Ние не се бориме за фотелји, се бориме за опстанок, за држава, за иднина!

Македонија нема да биде повеќе колонија на туѓи амбасади. Ќе биде независна, суверена и горда! Ова е почетокот на крајот за криминалот со години наназад создаден од СДС и ДУИ.

Народот е буден, Македонија е будна, ВМРО-ДПМНЕ е на нозе!

Македонија повторно ќе стане Гордост на Балканот!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top