Коментари

27 април не беше обид за тероризам, беше обид за спас на татковината!

ustavobraniteli

ustavobraniteli

27 април симбол на неправда, прогон и политичка одмазда!

Во темниот календар на македонската политичка историја, 27 април останува како крвава дамка на неправдата, прогоните и бруталната злоупотреба на правото. Денот кога народот влезе во Собранието, ден кога народниот гнев кулминираше против велепредавството на македонската кауза, беше денот кога режимот на СДС и ДУИ започна брутален прогон на патриотите.

Денес, години подоцна, вистината сè повеќе излегува на виделина: 27 април не беше обид за тероризам, беше обид за спас на татковината! А оние што беа осудени, не беа терористи туку синови на народот, македонски бранители, луѓе што веруваа дека Македонија не смее да се продава со политички пазари и странски диктати.

Системот што ги затвори не го бараше правото туку Опомена! Опомена со кој ќе се казни секоја идна мисла за отпор.

Политички процеси беа монтирани, докази извртувани, сведоци уценувани. И наместо правда, добивме политички затвореници. Семејства распарчени, животи уништени, човечки судбини жртвувани на олтарот на т.н. “евроинтеграции”.

Ниедна држава што се нарекува демократска не смее да ги прогласува сопствените граѓани за терористи затоа што се спротивставиле на велепредавство.

Народот не заборава!

Осудените за 27 април заслужуваат правда, ревизија и слобода! Не како милост, туку како исправување на груба неволја што ја потресе правната држава. Тие се дел од битката за македонскиот опстанок и не смеат да останат заборавени.

Нека 27 април биде опомена за тоа што се случува кога правото ќе падне под политичка чизма, но и симбол на непокорот, на борбата за вистина, за Македонија.

Времето на политичките затвореници мора да заврши.

Македонија не смее да затвора патриоти, туку да ги слави.

Слободата за Уставобранителите е правда за Македонија!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top