Коментари

Македонија се враќа кај народот!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во последните денови, јавноста е сведок на повторно активирање на старите манипулативни тактики на СДС и ДУИ.

Со подигната реторика и празни критики, тие ја обвинуваат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека „не работи за народот“.

Но дали токму тие кои го уништија народот, имаат доблест да зборуваат за народот?

Народот не заборава!

Во периодот 2017–2023, токму СДС и ДУИ ја имаа целосната власт во државата. Во тие седум години го направија следново:

Преспанскиот договор (2018) – потпишан од Зоран Заев и Никос Коѕиас, без референдумска волја, со кој Македонија стана „Северна“, а македонскиот народ беше понижен со придавки и условен идентитет.

Договорот со Бугарија (2017) – потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов, со кој се отворија вратите за бугарско негирање на македонскиот јазик, историја и идентитет.

Цели седум години Македонија беше во канџите на најкорумпираната власт во поновата историја на државата. Владата предводена од СДС и ДУИ не остави институција што не ја заробија, не остави ресурс што не го опљачкаа, не остави закон што не го погазија. Сите граѓани на оваа земја беа сведоци како под мотото „европска иднина“, всушност се градел најмафијашкиот систем што работеше само за личен ќар и за заштита на криминалот.

Случајот со пасошите за мафијаши стана симбол за распадот на државноста. Луѓе со меѓународни потерници добиваа македонски документи преку мрежа која се раководеше од високи структури во МВР под контрола на СДС и ДУИ. Таа афера не само што го оцрни угледот на Македонија, туку ја претвори државата во безбедносна закана.

Фамозните тендери и грантови, поделени на „своите“ фирми, се мереа во стотици милиони евра, пари на граѓаните што завршија во приватни џебови. Од набавка на лекови, до инфраструктурни проекти и ИТ опрема, сè беше изговор за перење пари.

Афера Рекет (2019) – во која главната обвинителка Катица Јанева, промовирана и поддржана од СДС, беше фатена како изнудува пари од бизнисмени.

Тендерите на Венко Филипче, стотици милиони евра беа потрошени на сомнителни набавки на респиратори и вакцини, од кои многу не беа ни испорачани, а Филипче, денес со „златна виза“ во Дубаи, никогаш не одговори пред законот.

Над 215.000 млади луѓе ја напуштија Македонија во тие седум години. Долгот на државата достигна рекордни 7 милијарди евра. Инфраструктурните проекти беа замрзнати, а нови не се ни започнаа…

А денес?

Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која ја доби довербата на народот, започна со решителни чекори.

Отвори инфраструктурни проекти како Коридорот 8, нови болници, детски градинки, училишта, обнова на патишта, нови автопати, гасен коридор, енергетски капацитети,…

Приведе криминалци, иницира финансиски истраги и донесе законски измени за конфискација на нелегално стекнат имот.

Затоа СДС и ДУИ се во паника. Затоа сакаат вонредни избори, да се спасат од правдата. Но народот знае. Народот не е повеќе нем сведок. Нивното време е веќе минато.

Затоа, секоја споредба за работата на владата на СДС и ВМРО-ДПМНЕ е или израз на непознавање на реалноста, или свесен обид за релативизирање на огромните разлики меѓу уништувачите и обновителите на Македонија.

Македонија конечно оди напред со чесни луѓе, со работа, со визија.

Македонија се враќа кај народот!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top