Коментари

Али Ахмети „историчар“ по нарачка?

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

На Балканот, а особено на Македонскиот Полуостров, веќе одамна е во мода политичарите да глумат историчари. Но, кога Али Ахмети се појавува со свои сензационални „откритија“, тоа веќе преминува во фарса. Неговите тврдења за потеклото на албанскиот јазик, за историските права врз Македонија и за античкото минато се потсмев не само за науката, туку и за здравиот разум.

Секој што барем малку ја познава историјата знае дека албанскиот јазик бил стандардиран во 19 век под влијание на странски центри, особено Австро-Унгарија, како алатка за креирање вештачки идентитет наспроти српските и грчките интереси. Денес, Али Ахмети сака да го претстави како најстар јазик на светот.

Ако не беше трагично, ќе беше смешно.

Но Ахмети не застанува тука. Во својот политички шах, тој не игра, туку краде фигури, без срам присвојува делови од македонската историја, како што тоа со години го прават бугарските и грчките пропаганди. Ниту една вистина не му е доволно света ако му користи во политичката агенда.

Сепак, вреди да се потсетиме: Ематија е срцето на Македонија, а денешна Албанија била само дел од античкото Македонско царство. Овие факти не може да ги избрише ниту Ахмети, ниту неговите спонзори од Запад, кои преку него и слични на него водат долгорочна кампања за бришење на македонскиот идентитет.

Али Ахмети е типичен политички проект употребен од геополитичките центри за дестабилизација на Македонија. Неговите изјави за историјата би требало да бидат тема во некоја хумористична емисија, со наслов „Верувале или не“.

Македонија е премногу важна да ѝ се дозволи некој да прави кариера газејќи ја вистината.

Доста беше да јадеш леб на македонска почва а да работиш за туѓи агенди.

Време е да се стави крај на оваа историска фарса.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top