Коментари

Жална Македонија што се мора да трпи

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Кога го слушам Али Ахмети како се занесува со неговите “вработувања по етнички клуч”, не можам да не се сетам на стихот од песната на Биз Без: „Дал да плачам, ил да се смеам?“.

Трагикомедија со швајцарски пензионер во главна улога, кој сè уште не разбрал дека вработувањето треба да се базира на знаење, компетентност и заслуги а не на национален попис или партиски договор.

Денес, не се работи за создавање на држава на правдата, туку за пазари и зделки кој колку ќе добие и по која „квота“. Дали тоа е европската вредност што некои ја промовираат? Или е враќање во феудално племенско општество? Логиката по која „Албанецот треба да влезе затоа што е Албанец“, а не затоа што е најдобриот кандидат, е навреда за секој граѓанин, без разлика на националноста.

А кога станува збор за Бугарите во Уставот, работите одат уште подалеку, парадокс до апсурд. Се запнале да бидат вметнати по секоја цена, како слеп за стап. Сите знаат и историјата, и картите, и народната меморија дека Бугарија како држава е создадена дури во 1878 година. Па каква иронија е тоа, пра-правнукот да биде постар од пра-прабабата? И тоа со „научна“ тврдоглавост.

Жално е што Македонија мора да трпи сè: уцени, закани, манипулации. Државата ни е ставена на распетие, за да ја задоволи туѓата фрустрација и наметната вина. А тие што некогаш беа на страната на Адолф Хитлер, денес глумат демократски учители. И повторно сакаат да ја делат Македонија, овојпат не со тенкови, туку со устав и преговори.

Но нека им биде јасно: НЕ УСПЕАЛЕ ТОГАШ  НИ СЕГА ПА НИ ВО ИДНИНА НЕМА ДА ИМ УСПЕАТ ДА ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА  А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА СЕ ВРАБОТУВАЛЕ НЕКАКВИ СИ ПО ЛИНИЈА НАЦИОНАЛНО ПОДОБНИ ИЛИ ФАНТОМИ ДА ВЛЕГУВААТ ВО УСТАВ. ИМАЛО ГОСПОД И ЌЕ ИМА ЗАСЕКОГАШ, СПЕЦИЈАЛНО ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ.

АМИН !!!

П.С.

За сите што не веруваат, еве ја картата која покажува каде навистина се наоѓала историската „Албанија“ во 300 година од нашата ера, на просторот на денешен Азербејџан, а не на Балканот.

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top