Коментари

Меланија Трамп има македонска крв

melanija

melanija

Вистина која гордо одекнува.

Во политичката арена и во дипломатските кругови понекогаш најсилните симболи се кријат зад тишината на историјата и потеклото. Така е и со Меланија Трамп Првата дама на САД, чии корени длабоко водат кон Македонија.

Македонија има свој човек во Белата Куќа во Вашингтон, и не е тоа било кој туку Словенката Меланија Трамп сопругата на Доналд Трамп.

Јанесан Дански на 10 Ноември 2016 г. на Македонскиот инфо сервис, Њујорк-САД објавил:  Дедото на Меланија Трамп учел во исто училиште со Гоце Делчев во Кукуш. Новата прва дама на Америка е внука на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија.

Во радио интервју за шоуто на Хауард Стерн во 1999 година Меланија зборува за своите предци кои што во Словенија се доселиле на почетокот на 20 век од Кукушко-Егејска Македонија.

Запрашана дали се чувствува како бегалец од тогашна Југославија во САД, Меланија вели дека таа лино не се чувствува како бегалец, но дека историјата на нејзиното семејство содржи такво искуство:

„I know very well what is like to be a refugee since my grandparents werе forced to leave their homeland during the Balkan wars. They were peasants who have had extremely difficult life. The family was surviving only from selling onion to Turkish restaurants in Thessaloniki until the beginning of the first Balkan war. Thanks good, later they succeeded to escape, to save the family and to reach Slovenia where my father was born“.

„Добро знам како е да се биде бегалец, бидејќи моите баба и дедо биле принудени да ја напуштат својата татковина за време на Балканските војни. Тие биле селани кои имале исклучително тежок живот. Семејството преживувало само од продажба на кромид во турски ресторани во Солун до почетокот на Првата балканска војна. Благодарение на Бога, подоцна успеале да избегаат, да го спасат семејството и да стигнат до Словенија каде што е роден мојот татко.“

Изјавила Меланија Трамп која за себе вели дека е Американка со Словенско потекло но дека со себе носи и дел од Македонија нa нејзините дедо и баба кои што живееле во Отоманската империја.

Меланија никогаш активно не се заинтересирала за нејзините далечни роднини кои што останале да живеат во Егејска Македонија но добро го знае проблемот со поделбата на Македонија.

Со тоа се расчистува тајната за користењето на знакот со три прста кој што неколкју пати го употреби во текот на кампањата за претседател на нејзиниот маж Доналд.

Трите прста кои што ги користи Меланија се за трите делови на Македонија, Вардарска, Егејска и Пиринска.

Според нејзините зборови нејзиниот дедо одел во истото училиште со идеологот на македонската револуционерна мисла Гоце Делчев.

Во радио интервјуата кои што можат да се најдат на интернет на следниот линк http://www.motherjones.com/…/trump-files-donald-and-melania… Меланија дава и други детали за нејзините предци во Македонија.

Во време кога идентитетот на македонскиот народ е изложен на постојани предизвици, ваквите сведоштва и приказни се од непроценливо значење.

Меланија Трамп можеби не го носи македонското знаме, но нејзината крв, нејзината фамилијарна приказна и споменот за дедото кој учел со Гоце Делчев се доказ дека Македонија има свои потомци дури и во најмоќните домови на светот.

Да го чуваме тоа наследство. Да го пренесуваме. Да бидеме горди.

Кен Палевски

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top