Коментари

Гордост е да си заедно со тие кои ја креираат политиката во ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

1Mane

1Mane 3 copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во време кога народот е навикнат на скандали, непотизам и корупција, реткост и чест е да се биде со луѓе кои ја разбираат одговорноста на јавната функција како света должност. Да се биде со членови на Влада кои веќе една година ја водат државата без ниту една афера, да се биде со градоначалници кои три и пол години работат домаќински, одговорно и без ниту една дамка, тоа не е само успех, туку вистинска гордост. Таквото лидерство не се мери само со проекти и бројки, туку со довербата на граѓаните, со примерот што го даваат на помладите генерации.

Македонија конечно чекори со глава исправена. Честа и интегритетот се враќаат како стандард, а не како исклучок. И тоа е патот по кој мора да продолжиме со работа, отчетност и без скандали. Затоа, да се биде дел од тимот што ја обликува иднината на Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ е чест, одговорност, но пред сè голема гордост. Зашто таа не е само политичка партија, туку столб на македонскиот идентитет, чувар на вредностите на нашата нација и движечка сила за подобро утре.

Во време кога политиката често се доживува како поле на конфликти и интереси, да се биде дел од ВМРО-ДПМНЕ значи да се биде дел од визија што се темели на чесност, труд и љубов кон татковината.

ВМРО-ДПМНЕ е гласот на народот, надежта на младите и гордоста на нашите претци.

Под водство на Христијан Мицкоски, оваа партија не само што покажува зрелост и државничка мудрост, туку и капацитет да носи решенија, а не само критики. Да си со тие што ја кројат политиката во ВМРО-ДПМНЕ значи да се биде во срцето на процесите што ја менуваат Македонија со дела, не со зборови.

Тука се луѓето што не ги врзуваат личните амбиции, туку националната кауза. Тука се визионери, стручњаци, сите поврзани со иста цел: да ја видат Македонија како праведна, силна и просперитетна држава.

Затоа, да се биде со нив на чие чело е Христијан Мицкоски е привилегија.

Тоа значи да си на вистинската страна на историјата.

Да чекориш со генерација која не молчи пред неправдата, која не се поклонува пред надворешен диктат и која не се откажува од македонскиот идентитет, јазик и достоинство.

Нека не’ води гордоста, но и обврската, затоа што политиката на ВМРО-ДПМНЕ не е политика на лични интереси, туку на заедничка иднина.

Македонија повторно горда!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top