Коментари

Бегаат во Дубаи, но не и од вистината!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонија денес се соочува со една сурова, но вистинита реалност, оние кои до вчера управуваа со судбината на оваа земја, денес немаат доверба во неа.

Наместо да инвестираат и создаваат вредности тука, во земјата од која живееја, во која ветуваа реформи и иднина, тие избираат Дубаи. Избираат да вложат таму, во скапи станови, бизниси и луксузен живот, додека овде создадоа и оставија сиромаштија, запоставени граѓани и опожарени надежи.

Зоран Заев, човекот кој се претставуваше како „реформатор“, остави зад себе уништени институции, правна држава во распад и длабоко вкоренет криминал.

Венко Филипче, поранешен министер за здравство, чија оставка не ја виде светлината на моралната одговорност, исчезна од јавноста веднаш по трагедијата во Кочани. Додека цели семејства тагуваат, тој според неофицијални извори заминал на „бизнис патување“ во Дубаи.

Прашуваме: зошто не инвестираат во Македонија? Зошто тие што најгласно се колнеа во „нашата земја“ сега бегаат од неа? Одговорот е едноставен затоа што немаат доверба во она што самите го создадоа. Затоа што знаат што направија, какви последици оставија и се надеваат дека таму, во Дубаи, ќе ги сокријат и парите и себе од правдата која ја избегнуваат тука.

Парите со кои купуваат имоти и луксуз не се нивни. Тоа се народни пари. Пари од корупциски тендери, од сомнителни договори, од буџетот на граѓаните. И додека македонското семејство се бори за преживување, тие уживаат во богатството што го украдоа.

Но, вистината ќе ги стигне.

Исто како што светлината секогаш го победува мракот. Македонија е разбудена. Народот веќе препознава кој ја пустошеше државата, а кој денес ја обновува.

Дојде време за одговорност и таа одговорност ќе стигне, без разлика дали некој се крие во Струмица, Скопје или Дубаи.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top