Коментари

Достоинството не се суди, туку се слави-Слобода за уставобранителите!

891 copy

891 copy

Во секоја држава постојат луѓе кои ја носат татковината на своите плеќи. Кај нас, тие се нарекуваат уставобранители македонски синови што не дозволија газење по честа на државата, не премолчеа пред неправдата, и не се повлекоа кога најмногу беше потребно да се застане на браникот на Македонија!

Нивната жртва не е криминал. Нивната акција не беше тероризам, туку патриотизам. Нивниот глас не беше повик на омраза, туку повик на народна болка.

Како може одбраната на Уставот да биде казнета со затвор за Тероризам?

Дали е злосторство ако човек го брани сопствениот идентитет?

Дали е тероризам ако некој одбие да прифати неуставна промена на името, на историјата, на генетскиот код на Македонија? Не! Тоа е доблест.

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 27 април 2017 година, кога се одвиваше срамниот процес на менување на уставот под притисок, поткуп и странски диктати, дел од народот одлучи да не седи со скрстени раце. Тие беа сведоци на грубо уривање на демократијата, на уривање на се што е македонско, и реагираа!

И денес, само тие се во затвор, додека вистинските заговорници-предавници шетаат слободно, богати, заштитени и амнестирани.

Судско-обвинителскиот систем во Македонија личи на колач направен со расипани јајца: Вилма Русковска, Љубомир Јовевски, чарлиевите анѓели од СЈО, политички нарачани процеси како на 27 април 2017г., скандали со мито и фалсификати, судии и обвинители блиски до ДУИ и СДС. Сè ова резултираше со доверба во правосудството од само 2%.

Наместо правда, системот со години испорачуваше хајки, селективна правда и заштита на партиски кадри. Судии поврзани со афери сè уште седат на позиции, а обвинители кои гонеа по партиска задача останаа недопирливи. Последиците се катастрофални: изгубена доверба, колабирани институции и чувство на беспомошност кај граѓаните.

Додека за време на СДС и ДУИ никој не одговараше за злоупотребите, денес, новата власт се обидува да го расчисти целиот систем од корумпирани кадри. Без темелна реформа, нови луѓе и професионалци, и без вистинска волја за правда, Македонија останува заробена држава.

4 copy copy copy copy copy

Време е правото да стане сила, а не алатка за политички прогон. Време е за правда, еднаш за секогаш.

Време е за исправување на неправдата! Ова не е само политичко или правно прашање. Ова е прашање на морал. Прашање на народна чест. Прашање кое ќе покаже дали сме народ кој ги заборава своите јунаци или народ кој знае да се оддолжи.

Никој не смее да лежи во затвор затоа што ја брани својата држава!

Никој не смее да биде замолчуван затоа што ја брани правдата!

Слобода за уставобранителите значи победа на правдата!

Само со ослободување на уставобранителите ќе покажеме дека Македонија е навистина правна и демократска држава.

Затоа денес, обединети и со исправени глави велиме: Слобода за уставобранителите!

Мане Јаковлески

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top