Коментари

Една мајка не родила – Македонија!

Kirjakov

Kirjakov

Атанас Кирјаков

Нас, Македонците од Пирин, Вардар, Егеј до Мала Преспа една мајка нè родила, една земја ни ја втиснала крвта во вените: Македонија! Нашиот завет, нашата клетва, нашата судбина.

Нас не не’ делат граници, туку не спојува крвта на борците, болката на мајките, песната на дедовците. Нас не не делат народи, туку не обединува истата мака што ја пееме низ вековите, што ја пролеавме низ куршумите, камите и бесилките на оние што сакаа да нè избришат.

Нема нива, нема лозје, нема бафча во Македонија каде не е закопан борец, каде не е пролеана солза, каде не се слушнал последен крик за слобода. Нашата земја не е само почва таа е светилиште на најдобрите, најумните и најхрабрите македонски синови и ќерки.

И сега, кога крвавите договори од Букурешт, преку Нивици до Софија сè уште се обидуваат да нè разнебитат, кога новите лажни пријатели ни наметнуваат заборав и срам, ние велиме: НЕ! Не забораваме, не простуваме, не се откажуваме!

Ги потцениле тие што мислат дека со потпис ќе ја избришат нашата песна.

Грешат тие што веруваат дека со декларации ќе ја скинат нашата борба. Зашто македонскиот народ знае да прости, но никогаш да се предаде.

Денес, повеќе од било кога, македонската национална свест гори во Пирин, Вардар, Егеј, Мала Преспа, Таа свест не ја учиме од книги, туку ја носиме во коските, низ преданијата, низ песните, низ гробовите на нашите дедовци. Таа свест не ја уништуваат ни камшикот, ни лагата, ни поткупот.

Затоа НЕ! не се предаваме! Не се срамиме од она што сме, Македонци! Не бегаме од нашето име Македонија! Не бегаме од нашата борба обединета и слободна македонска држава!

Колку и да се обидуваат да ја потиснат, македонската песна пак ќе одекнува.

 Македонското оро пак ќе се фати на секое трло, на секој мегдан.

И македонското знаме пак ќе се вее гордо, од Пирин, преку Вардар, Егеј до Мала Преспа!

Борбата не е завршена. Борбата продолжува. И таа ќе трае сè додека Македонија не биде целосна, обединета и слободна.

Македонија вечна!

АМИН!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top