
Државата тонеше – додека СДС крадеше, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија
ПР-от на СДС деновиве е пуштен на најјако. Во натпревар кој повеќе ќе излаже, кој повеќе неаргументирано и без никаква издржана критика ќе ја нападне Владата, тој прес и соопштение се испраќа во јавноста.
На кратко како владееше СДС 7 години:
– Јавен долг од 47% на 65%;
– Економијата во надолна линија на раб на банкрот;
– Субвенции за земјоделците неисплатени од 2021 година;
– Неисплатени плати во државни институции за неколку месеци;
– Протести на регионални патишта и пред Влада од незадоволни земјоделци;
– Криминални банди хараа по улиците на главниот град;
– Пасоши на белосветски криминалци, а за граѓаните немаше;
– Судии и обвинители бирани од тефтерите во Зајас и Муртино;
– Автопати за 7 години, реализација максимум 10%;
– Авиолинии – укинати;
– Пензиите и платите стагнираа, инфлацијата растеше двоцифрено;
– Учениците без учебници, студентите без реконструирани студентски домови, пациентите без лекови, пензионерите без зголемување на пензии, едноставно влада без решение.
ЕДНА година Власт на ВМРО-ДПМНЕ:
– Јавниот долг намален на 57%;
– Економија во нагорна линија 4та економија во Европа;
– 9 милијарди денари субвенции за земјоделците, заостанати од 2021 година;
– Редовни и зголемени плати;
– Задоволни земјоделци со повисоки цени за откуп на земјоделски производи;
– Криминалците зад решетки, безбедноста на улиците зголемена;
– Четири автопати се градат истовремено;
– Во моментов 64 авиодестинации;
– Пензиите и платите растат како никогаш досега,
– инфлацијата е намалена,
– учениците навремено добиваат учебници,
– студентите добиваат,
– реконструирани домови и факултети.
– Владата ги зголеми платите на вработените во образованието, здравството, и безбедноста.
– Платите во образованието се зголемија за 12 проценти.
– Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти.
– Платите во здравството се зголемија за 15 проценти.
– Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти.
– Матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, од 75 на 100 денари.
– Стоматолозите добија покачување на капитациониот бод од 23 проценти, од 61 на 75 денари.
– Платите во секторот безбедност се покачија за 10 проценти.
– Службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти,
– Обезбедени се 800 милиони денари од буџетот за зголемување на платите на 12.000 полицајци.
– 1000 нови вработувања во Полицијата,
– Пензиите се покачија за 5000 денари,
-Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува.
