Коментари

Бугарија полуде но не успеа да го спречи изгласувањето на комисијата

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Повод изгласувањето на комисијата на ЕУ за напредокот на Македонија. Посебно беше нагласено дека Македонскиот јазик и идентитет е повеќе вековен.

Бугарија полуде но не успеа да го спречи изгласувањето на комисијата.

Извештајот на Европската Унија е позитивен, Објективен и Добредојден. Но, прашањето е: дали е доволен лек против старите болести на нашите вечни негатори? Тие што одбиваат да ја признаат вистината дури и кога е напишана со најевропски зборови во срцето на Брисел?

Секако дека нема да признаат. Ќе бараат дупки, конструкции, сценарија. Тоа е нивниот стандарден политички рефлекс кога Македонија добива признание.

Но, едно е јасно: Македонија постоела, постои и ќе постои.

Македонската нација е реалност. Македонскиот народ е факт. И колку повеќе некој негира – толку повеќе сам се разобличува како фрустриран и љубоморен. Секоја негација е одраз на туѓ пораз, а не на наш проблем. Затоа велиме: нека вриштат, нека пиштат – тоа е доказ дека Македонија чекори напред!

И додека бугарските политички кругови врескаат со навредени емоции, „поголеми католици од Папата“, нашата мисија е да останеме достоинствени. Самиот факт дека извештајот на ЕУ им ја крши тврдината на нивните лаги и инсинуации, е показател дека нешто е сменето – дека има нова сила, нова енергија, нова вистина што се пробива.

Она што денес мора да се каже со гордост и без двоумење е: Браво за Македонија! Браво за премиерот Христијан Мицкоски!

Ова не е само политичка победа – ова е враќање на достоинството.

За разлика од времето кога државата се распродаваше на парче, кога Црпко и Али со своите 40 разбојници ја разграбуваа татковината – денес конечно има почеток на едно ново време. Време на храброст, на државност, на борба за интересот на народот и Македонија!

Да резимираме: Македонија има право да очекува повеќе вакви позитивни извештаи, не да прима ултиматуми. Во сојуз со Бога, со вера во народот, со љубов кон коренот – сè друго е лук и вода.

Нека се лутат, нека негодуваат – тоа е нивна немоќ. Нашата сила е во вистината, во истрајноста и во љубовта кон оваа света земја.

Една е Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top